ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,7 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ МЈАНМАР

    ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,7 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ МЈАНМАРОштетен пат во главниот град на Мјанмар, Непјидо (Фото: Гети)

    Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, објави Геолошкиот институт на САД (УСГС). Тресењето се почувствувало и во Кина и Тајланд, при што снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како луѓе се евакуираат од згради во Бангкок, но и урнати згради во Мјанмар.

    Според УСГС, епицентарот на земјотресот бил 17 километри од градот Мандалеј, кој има 1,2 милиони жители. Тој се наоѓа во област оддалечена 100 километри од главниот град на Мјанмар, Непјидо.

    Засега нема потврдени информации за штети и жртви во Мјанмар, каде што владее хаос по пучот што го изведе војската во 2021. Дванаесет минути по главниот земјотрес уследил уште еден со јачина од 6,4 степени. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира