ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР УРНА 30-КАТНИЦА ВО ИЗГРАДБА ВО БАНГКОК, 43 РАБОТНИЦИ СЕ ПОД УРНАТИНИТЕ

    ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР УРНА 30-КАТНИЦА ВО ИЗГРАДБА ВО БАНГКОК, 43 РАБОТНИЦИ СЕ ПОД УРНАТИНИТЕНа интернет се шири драматична снимка од уривањето на административна зграда во Бангкок (Фото: АФП)

    Повеќе од 40 работници се заробени под урнатините откако силниот земјотрес што денеска го погоди Мјанмар урна висококатница во изградба во главниот град на Тајланд, Бангкок. Геолошкиот институт на САД објави дека земјотресот имал јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала и се случил на длабочина од десет километри.

    Тресењето се почувствувало и во Кина и Тајланд, каде што исто така има штети и настанала паника.

    На интернет се шири драматична снимка од уривањето на административна зграда од 30 ката во Бангкок која се уште била во фаза на изградба. Медиумите објавија дека 43 работници се заробени под урнатините и новната судбина не е позната.

    Од Мјанмар засега нема официјални информации за жртви и штети, иако властите кажаа дека почнале со потрагата. Очевидци изјавија за „Ројтерс“ дека има урнати згради во Мандалеј, еден од најголемите градови во Мјанмар, оддалечен 17 километри од епицентарот на земјотресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира