ЗГРАДАТА НА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО УКРАИНА ОШТЕТЕНА ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ

    ЗГРАДАТА НА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО УКРАИНА ОШТЕТЕНА ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ КИЕВРусија го нападна Киев со балистички проектили (Фото: АП)

    Зградата во која е сместена македонската амбасада во Украина е оштетена во денешниот руски ракетен напад врз Киев, во кој загина едно лице. Украинските воздушни сили објавија дека ги собориле сите пет балистички проектили „искандер“ што биле лансирани во денешниот напад, но нивните остатоци предизвикале големи штети.

    Македонското Министерство за надворешни работи го осуди нападот чија мета бил и Голосеевскиот реон.

    „Во нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Надлежните служби извршија првичен преглед на штетите на самото место и веќе се работи на нивно санирање“, објави МНР.

    Руското министерство за одбрана објави дека во нападот биле погодени команден центар на украинската разузнавачка агенција и американски противвоздушен систем „патриот“.

    „Сите цели на нападот се остварени. Сите мети се погодени“, кажа Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира