ЖЕНИТЕ ВО ПОЛСКА ШТРАЈКУВААТ ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Варшава,(АП)

    ЖЕНИТЕ ВО ПОЛСКА ШТРАЈКУВААТ ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

    Полјачки облечени во црно, мавтајќи со црни знамиња, денеска излегоа на улиците на Полска и ги бојкотираа своите работни места и школски часови, како дел од националниот штрајк во знак на протест против законодавниот предлог за целосна забрана на абортусот.

    Исто така, многу мажи им се приклучија на жените во Варшава, Гдањск и на други места низ претежно католичката земја, на денот наречен „Црн понеделник”. Земјата веќе има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа и анкетите на јавното мислење покажуваат многу мала поддршка за дури и построг закон, покрај длабокиот католицизам на државата.

    Штрајкот следува по големиот уличен протест на илјадници во саботата пред Парламентот во Варшава. Жени беа облечени во црно во знак на жалост за губењето на репродуктивните права и за многуте жени за кои тие мислат дека ќе се решат за смрт, доколку биде усвоен предлог законот.

    Според постоечкиот закон од 1993 година, абортусот е забранет, освен во случаите кадешто животот на жената е во опасност, фетусот е оштетен и нема надеж за лечење или бременоста е резултат на силување или инцест. Новиот предлог, кој сега се разгледува од страна на парламентарна комисија, би ги направил сите абортуси незаконски, со затворски казни до пет години за жените кои бараат абортуси и лекарите кои го извршуваат, дури и во случај на силување или кога животот на жената е во опасност.

    Предлогот за построгиот закон дојде од иницијативата на граѓаните про-живот кои што собраа 450.000 потписи.

    Иако беше тешко да се поттикне учество во малите рурални места, кои се поконзервативни, во градовите имаше значително ниво на учество. Голема толпа луѓе се собра во центарот на Варшава, а во другите градови, исто така, луѓе излегуваа на улица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира