ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО ХАРКИВ ОТКАКО РУСКИ ПАДОБРАНЦИ СЕ СПУШТИЛЕ ВО ГРАДОТ

    ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО ХАРКИВ ОТКАКО РУСКИ ПАДОБРАНЦИ СЕ СПУШТИЛЕ ВО ГРАДОТВчера загинале најмалку 17 луѓе во ракетирањето на центарот на Харкив (Фото: АП)

    Руски падобранци утрово се спуштиле во Харкив, додека се засилува притисокот врз вториот по големина град во Украина. Безбедносната служба на Украина кажа дека тие го нападнале градот во три часот, по што дошло до жестоки борби со украинските сили.

    „Руски војници го нападнаа воено-медицинскиот клинички центар во северниот дел на градот“, потврди украинската војска.

    Шефот на регионалната полиција Володимир Тимошко кажа дека ситуацијата кај болницата сега е под контрола.

    Харкив, кој има 1,5 милиони жители, е во окружување со денови и вчера загинале најмалку 17 луѓе во ракетирањето на историскиот центар на градот. Обединетите нации кажаа дека во досегашниот дел од руската инвазија загинале најмалку 136 цивили, додавајќи дека реалната бројка веројатно е доста поголема.

    Градоначалникот на јужниот град Херсон, Игор Колихаев, потврди дека руските сили ги држат железничката станица и пристаништето и дека окупацијата е во тек. Тој додаде дека има многу мртви, вклучувајќи украински војници и цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира