ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ ПРОДОЛЖУВААТ ВТОР ДЕН, НАД 60 МРТВИ ДОСЕГА

    ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ ПРОДОЛЖУВААТ ВТОР ДЕН, НАД 60 МРТВИ ДОСЕГАИ Ерменија и Азербејџан прогласија општа мобилизација (Фото: Ројтерс)

    Властите на сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е под контрола на етничките Ерменци, објавија дека досега загинале 59 негови војници во борбите со азербејџанските сили.

    Најжестоките судири во регионот во последните четири години почнаа вчера, при што и ерменската и азербејџанската страна тврдат дека ја имаат контролата и дека напредуваат. Двете земји прогласија општа мобилизација и воена состојба во некои области.

    Баку објави дека 26 цивили се повредени во ерменските гранатирања, во кои претходно загинале пет лица.

    Турција веќе кажа дека го поддржува Азербејџан, додека Русија, која има свои воени бази во Ерменија, повика на моментален прекин на огнот. Турскиот претседател Ердоган изјави дека е време да се стави крај на кризата во Нагорно-Карабах. Овој територијален спор е еден од најстарите на светот и трае откако регионот се отцели од Азербејџан во почетокот на 1990-ите.

    Откако вчера почнаа новите борби, двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки бомбардирања на цивилни цели. Од ерменското министерство за одбрана кажаа дека околу 200 Ерменци се повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира