ЖЕСТОКО НАПАДНАТ ГЛАВНИОТ АЕРОДРОМ ВО ТЕХЕРАН ДОДЕКА ВОЈНАТА ВО ИРАН ВЛЕЗЕ ВО ВТОРАТА НЕДЕЛА

    ЖЕСТОКО НАПАДНАТ ГЛАВНИОТ АЕРОДРОМ ВО ТЕХЕРАН ДОДЕКА ВОЈНАТА ВО ИРАН ВЛЕЗЕ ВО ВТОРАТА НЕДЕЛАВо американско-израелските напади досега загинале над 1.330 цивили во Иран (Фото: АП)

    Војната во Иран денеска влезе во втората недела со зголемена неизвесност кога непријателствата би можеле да завршат, при што Доналд Трамп побара безусловно предавање на Техеран, а Израел продолжи жестоко да ги бомбардира Иран и Либан, вклучувајќи ги нивните главни градови.

    Војната го зафати целиот Блиски Исток како што Иран изведува одмазднички напади врз заливиските земји, а цените на нафтата растат. Во американско-израелските напади досега загинале над 1.330 цивили во Иран, според иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Сеид Иравани, во Израел загинаа 11 луѓе, како и шестмина американски војници.

    Жителите на Техеран велат дека имале втора тешка ноќ по ред, при што силни експлозии имало и на аеродромот „Мехрабад“, кој е најпрометен во Иран. Иранските медиуми објавија дека биле нападнати делови од аеродромот, кој бил гаѓан и на 4 март. Очевидците кажаа дека овојпат бомбардирањето било уште посилно.

    Израелската војска кажа дека со 80 авиони ја нападнала клучната инфраструктура на иранскиот режим во Техеран и централниот дел на земјата, вклучувајќи го воениот универзитет на Иранската револуционерна гарда во главниот град, за кој тврди дека служел како полигон за обука.

    Во исто време, експлозии се слушнаа во Ерусалим, Дубаи, Бахреин и Саудиска Арабија.

    Американските сили погодија повеќе од 3.000 мети во првата недела од операцијата ‘Епски бес‘ и не планираме да забавиме“, објави американската војска на Икс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира