ЕРУПЦИЈАТА НА ПОДВОДЕН ВУЛКАН ПРЕДИЗВИКА ЦУНАМИ ВО ИНДОНЕЗИЈА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ЌЕ ИМА СТОТИЦИ ЗАГИНАТИ

    ЕРУПЦИЈАТА НА ПОДВОДЕН ВУЛКАН ПРЕДИЗВИКА ЦУНАМИ ВО ИНДОНЕЗИЈА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ЌЕ ИМА СТОТИЦИ ЗАГИНАТИДосега е потврдена бројката од 168 загинати (Фото: АП)

    Најмалку 168 луѓе загинаа, а повеќе од 700 се повредени, откако цунами удри во брегот на Индонезија, за кој властите сметаат дека е предизвикан од ерупцијата на вулканот Анак Кракатоа.

    Според владината агенција за катастрофи, стотици објекти се уништени во ударот на цуманито и ги предупреди жителите да бидат подалеку од брегот поради можноста од нов налет на бранови. Тие додаваат дека бројот на мртви веројатно ќе биде и поголем. Дописничката на Би-Би-Си од Индонезија објави дека може да има стотици загинати.

    Меѓу погодените области е и популарната плажа Танџунг Лесунг во западна Јава, каде што во тие моменти настапувал еден од најпознатите индонезиски бендови „Севнтин“. Пејачот Риефијан Фаџарсја на Инстаграм објави дека загинале басистот и менаџерот на групата.

    „Бев на плажа и се обидував да ја фотографирам ерупцијата. Таа беше доста силна, но пред да удрат брановите, немаше никаква активност. Во еден момент само видов како брановите доаѓаат и почнав да бегам. Имаше два брана и првиот беше многу силен“, изјави норвешкиот фотограф Ојстин Лунд Андерсен.

    Властите сè уште истражуваат дали цунамито е предизвикано од ерупцијата на подводниот вулкан. Токму од тие причини, во прв момент не било објавено предупредување за цунами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира