ФИЛОЗОФСКА СМЕТКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:34:"ИпоПлатон,Платон

    1. Деканот на Педагошкиот факултет Сефедин Сулејмани одржа ода за премиерот Љубчо Георгиевски, каква што повозрасните не паметат уште од времето на Тито. Сулејмани рече дека “делата на нашиот премиер не се засноваат на дигнат показалец, туку на мудрост, на извонредно логичко-филозофски и европеистички решенија врз кои се ставени темелите на 21 век на нашата и на новата епоха”. Во настапите не Георгиевски доминирале “мудроста на Платоновиот тип на државник кој знае што сака”.
    Премиерот неколку минути подоцна рече дека секој Македонец треба да се гордее што има Влада поддржана од меѓународната заедница. А ние се гордееме што имаме премиер со мудроста на Платон. И нели, со ораторството на Цицерон. Нели!?
    Георгиевски ја продолжува традицијата уште од пред третиот век на нашата ера. И тој како и античкиот филозоф си замислува како би требало да изгледа државата. Тој е Платон на нашето време. И по Платон – Платон.

    2. И за новата епоха има алтернатива. Демократска. Алтернативата се вика потпишување лојалност. Ако директорите од ДА сакаат да останат на функциите, треба да и изразат лојалност на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како што во бившата Чехословачка функционерите потпишуваа лојалност кон СССР, кога тенковите во Прага заведуваа диктатура на пролетаријатот.
    Ако по две години победи СДСМ, сите што сега му потпишуваат лојалност на Љубчо ќе бидат дисиденти. Затоа што се мачеле во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Потпишувале кога им било најтешко.
    Државната филозофија на Љубчо е: “Сакате повеќепартиски систем? Е тогаш партиите мораат да имаат имот!” Мудроста на премиерот е што партијата на власт во секој град мора да има барем три фирми. И не гледа ништо лошо ако тие фирми добро работат. Затоа што ќе добиваат работа од државата. А државата е најголем дуќан. Мудро, нели.
    Платон се подготвува За вечно владеење. Има свои фирми, свои попови, свои студенти, своја меѓународна поддршка, свои лекови…
    Затоа, не ни преостанува ништо, освен сите да потпишеме лојалност кон Платон. Комунизам, или вмровизам, исто ти се фаќа. Сите сме една партија. Сите сме Платон.

    3. Сите западни амбасадори се мачат како да ја внесат ПДП во власта. Тие, пак, се фемкаат, божем имаат политичка платформа. Па се отвора прашањето на тетовскиот универзитет, па двојазичност, па големи идеи… Затоа, тука е Љубчо кој филозофски концизно им ја објасни политичката платформа: Две министерски места, две заменички и неколку директори на јавни претпријатија. Просто, нели? Чиста сметка, долга љубов.

    4. Што му требаше на Бранко да се појавува на телевизија. Убаво се имаше скриено и глас не му се слушна, откако се испослика по скопските хотели.
    Секое негово појавување ме потсетува на неуспесите што ги реди во континуитет. Сè некако ми доаѓа да го прашам до каде стигна со владата во сенка што ја прави еве веќе втора година, што стана со ветувањата од митинзите по минатогодишните претседателски избори, што ли му кажал Циле оној пат во “Александар палас”, какво е чувството да се сликаш со Амди Бајрам, до каде е интерпелацијата….
    Поарно му е малку да го нема. Овој народ има кусо паметење. Многу работи му заборавија, па можеби кога повторно ќе се појави, ќе му поверуваат за некој нов план “Б”.

    5. И студентите се појавија на улица. Одамна немаа кренато глас. Ги нема, ги нема, па ќе се поделат.

    6. Вчера, на црковната свеченост во Охрид сопругата на премиерот Снежана се причестила, ама премиерот не се причестил.
    Значи, Љубчо се омрсил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари