Крај на приказната

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:78:"ВокојалидржаваќевладеатЉубчоиБранко

    1. Дали во моментов се прашувате што прават нашите безбедносни сили?
    Возвраќаат, или напаѓаат?
    Гинат.
    Денес осуммина, вчера десетмина…

    2. Денес од Скопје, вчера од Прилеп, завчера од Битола… Од утре веќе ќе престанеме и да ги броиме.

    3. Терористите убиваат.
    Нашиве се озборуваат меѓу себе.
    Странците божем осудуваат и повикуваат на мир.
    Никој ништо не прави. Само ОНА си ја завршува работата што ја почна. Граба територија.

    4. Доцна е за војна со терористите. Војна требаше да има тогаш кога Љубчо нè убедуваше дека црните униформи во Танушевци се параноја и измислица на новинарите. И кога Борис се радуваше на победата што му ја спакуваа Љубчо и Џафери. И кога Ајник, Тешеира, Дикинсон и компанија, од петни жили се трудеа да ја спасат коалицијата на Љубчо и Џафери.
    Не знаеме дали имало некаков документ што го извадил Пердју. Не знаеме и дали баш сè е светски заговор, како што ни кажуваат. Ама многу добро знаеме дека единствената цел на овие што сега се на власт им е да останат на власт по секоја цена.
    Џафери си обезбеди официјален јазик во делот што ќе му припадне нему. Ама се прашувам, во која ли држава ќе владеат Љубчо и Бранко и на кои терени Борис ќе тренира тенис.
    Што убава приказна ни имаа спакувано. Ќе одиме во Европа, ќе нè примат во НАТО, ќе бидеме пример на добро средени меѓуетнички односи, ќе градиме пазарно стопанство во демократија од западен тип…
    Готово е… Крај на приказната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари