ОВАА ЗЕМЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:85:"ХрватскаќеувезеАлбанцизадајаприматвоЕУ

    1. Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, во четвртокот беше во еднодневен престој на нашата територија. Лордот ги собра Владата и пратениците во Собранието и им одржа предавање на тема: “Улогата на Милошевиќ во дестабилизацијата на регионот, со попатен осврт на несреќната судбина на Македонија што вакви гости ги пречекува како да се Господ”. Пратениците го поздравија лордот, му ракоплескаа и се израдуваа дека еден убав ден, ако му затребаме на НАТО, ние пак ќе се покажеме како добри домаќини на стотици илјади бегалци.
    Никој не му се налути на Робертсон што не сакаше да го изусти зборот “Македонија”. Освен безобразните новинари кои, по обичај, поставуваат неважни прашања. Бидејќи не беа сигурни дали Робертсон знае каде се наоѓа. Во Македонија или во Косово. Генералниот секретар им одговори дека тој нема криза на идентитетот и знае кај кого дошол и каде дошол. Ама, да пукнеме, не ни призна. Или, очекуваше од нас да одговориме на прашањето пред чиј парламент зборувал Робертсон и во која земја.
    Во оваа земја.

    2. Во оваа земја нема само криза на идентитетот туку има криза на правната држава. Во суштина, има правна држава, ама не е правно формулирана. Според дефиницијата на премиерот Георгиевски како тој го замислува законот за обесштетување на штедачите на ТАТ: “Може да се најде не некој строго формално правно прецизиран закон, туку нешто што јас го понудив пред една година, а што Битолскиот суд го блокираше”.
    Според тоа, премиерот вели дека треба да има закон, ама да не биде закон. Исто како што има суд, ама не мора да се однесуваме кон него како кон суд. По истата логика, и Владата не е влада, и премиерот не е премиер, и Собранието што треба да го изгласа тој закон не е собрание, и претседателот на Републиката кој треба да го потпише указот не е претседател.
    Гледате, сè си се вклопува во приказната на Џорџ Робертсон. Оваа држава не е држава.

    3. Ама затоа, пак, Циле сега ја зеде работата во свои раце. Ќе им ги враќа парите на ТАТ-овци. Небаре од нив зависи опстанокот на власта. Сите други се задоволни.
    Сега станува јасно зошто Љубчо му ја прифати платформата на Циле и зошто не дозволи да се распадне коалицијата за промени. Му треба човек кој ќе му ги заврши валканите работи, па ако не успее, ќе вика: “Не сум јас, жими мајка!”
    Љубчо Георгиевски беше тој што уште како опозиција потпишуваше договори со ТАТ-овци за да гласаат за него. Сега Циле, како позиција, ќе потпишува договори за да гласаат против него. Сите. И ТАТ-овци на кои нема да им ги врати парите, и другите што не сакаат некој да им зема пари за да им враќа на ТАТ-овци.

    4. Циле ќе прави “бум”. “Бум Циле бум”. Тој не го ферма претседателот Трајковски кој сè уште е во дилема дали ќе биде бомба или “бум”. Иако шефицата Доста е сигурна дека се работи за бомби. Сепак, најтешко му е на Кљусев. Тој си има проблеми со секс-бомби. Дури и НАТО се загрижил што се случува во нашето министерство за одбрана. Па Робертсон го тешел Кљусева да не биде многу чувствителен.
    Тоа не е за “тревога”. Тоа е за пофалба. Старите ни го обелија образот. Прво Глигоров, а сега Кљусев. И двајцата штипјани. Оф, оф оф, Дончо штипјанчето… Ама наместо во вреќата со ориз да кријат бомби, ним им се скриле секс-бомби.
    “Алкалоид” најавува дека идниот месец ќе ни донесе “вијагра”. Ама таа е за млади. Плус и странска. А ние сме среде кампањата “Да купуваме македонски производи”. Затоа – сите во Штип. Да нè фати мајата. Таму виреат најголемите љубовџии во македонската политика.

    5. Премиерот Георгиевски на собирот на Ист-Вест институтот рече: “Изминативе десет години во регионов беа стабилни само Македонија и Грција”. Бидејќи најголем дел од тие десет години во Македонија на власт беше СДСМ, Љубчо му оддаде меѓународно признание на Бранко Црвенковски.
    До каде се консултациите за новата влада во сенка? Во која кафеана запреа? Или снемало виски во меѓувреме, па дошло до криза во преговорите.
    Сепак, не е сериозно да правиш влада во сенка кога е студено. Поудобно е на топло да се озборува по кафеани и да се пуштаат новинарите, медиумите да ти ја завршат работата. Нека запролети, па кога ќе огрее сонце, ќе профункционира и владата во сенка. Кај се видело сенка без сонце.

    6. Од финансиската инспекција на Управата за јавни приходи во фирмата на бившиот министер Борис Стојменов ме интересира само една работа: Дали во БС биле исплаќани сите придонеси за платите на Љубчо и Доста, или нешто се плаќало, а нешто се давало во кеш.

    7. Европската унија ѝ препорачала на новата хрватска влада да го следи примерот на Македонија на нејзиниот пат кон асоцирање и стабилизација. Бидејќи се знае што ѝ е најважно на ЕУ во Македонија, препораката до Хрватска е под итно да почне да увезува Албанци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари