Мино Рајола, еден од најпознатите и најмоќни менаџери во светот на фудбалот, почина на 54 години. Италијанските медиуми објавија дека имал заболување на белите дробови и дека бил опериран во јануари.
Рајола ја почнал менаџерската кариера во 1990-ите и првата голема зделка му бил трансферот на Денис Бергкамп од Ајакс во Интер. Како менаџер на Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Марко Балотели, Ромелу Лукаку, Ерлинг Халанд…, Рајола беше познат по итри преговарачки вештини со најголемите клубови на светот и беше вклучен во бројни богати трансфери во изминатите две децении.
Тој посредуваше и во враќањето на Погба во Манчестер јунајтед од Јувентус во 2016, вредно 89 милиони фунти, што тогаш беше нов светски рекорд.
„Форбс“ во 2020 објави дека Рајола заработил 85 милиони долари од трансферите за кои преговарал.