ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА МУ Е ПОВАЖНО ЗАПИРАЊЕТО НА НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА НА ИРАН ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА АМЕРИКАНЦИТЕ

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА МУ Е ПОВАЖНО ЗАПИРАЊЕТО НА НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА НА ИРАН ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА АМЕРИКАНЦИТЕНекои републиканци стравуваат дека војната во Иран ќе се одрази негативно врз партијата (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека финансиските проблеми на Американците не се фактор во неговото донесување одлуки додека се обидува да договори крај на војната во Иран, велејќи дека спречувањето на Техеран да создаде нуклеарно оружје е негов врвен приоритет.

    Запрашан до кој степен финансиската состојба на Американците го мотивира да склучи договор, Трамп рече:

    Ни малку. Единственото нешто што е важно е дека Иран не може да има нуклеарно оружје. Не размислувам за финансиската состојба на Американците. Не размислувам за никого. Размислувам за едно нешто: не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Тоа е сè. Тоа е единственото нешто што ме мотивира“, рече Трамп пред заминувањето за Кина.

    Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, појасни дека „крајната одговорност на Трамп е безбедноста и сигурноста на Американците“.

    Иран не може да има нуклеарно оружје. Ако не се преземеше акција, Иран би го добил и тоа ќе беше закана за сите Американци“, рече Чунг.

    Зголемените трошоци за енергија поврзани со конфликтот во Иран ги зголемија цените на бензинот и придонесоа за инфлација. Потрошувачката инфлација во САД во април го забележала својот најголем пораст во последните три години, според податоците објавени вчера.

    Сепак, проценките на американските разузнавачки служби покажуваат дека времето што му е потребно на Иран да изгради нуклеарно оружје не се променило од минатото лето, кога аналитичарите проценија дека американско-израелскиот напад го продолжил временскиот рок на девет месеци до една година, според три извори запознати со ова прашање. Проценките за нуклеарната програма на Техеран остануваат во голема мера непроменети дури и по два месеци војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира