БЕГ ВЛЕГУВА ВО СТАНОВИТЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО ЗА ДА ОТКРИЕ КРАЖБИ НА ГРЕЕЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕГ ВЛЕГУВА ВО СТАНОВИТЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО ЗА ДА ОТКРИЕ КРАЖБИ НА ГРЕЕЊЕ

    Влегувајќи во становите на скопјани БЕГ, фирмата која ги грее, открила 53 потрошувачи кои незаконски се приклучиле на системот, објаснија од „Снабдување со топлина Балкан енерџи“. Кражбите на греење БЕГ ги откри реагирајќи на текстот на САКАМДАКАЖАМ.МК со наслов „БЕГ се заканува со судски налози дека ќе упаѓа во станови заради пломбирање на исклучените од парно“.

    Од компанијата велат дека вршат редовни контроли кај потрошувачите, вклучувајќи ги и оние кои се исклучени од системот на топлинска енергија. Контролите се согласно пропишаната законска процедура.

    „Контролите се во насока на утврдување на фактичката ситуација на терен и откривање на евентуалните незаконски приклучувањa на системот што според законот е кривично дело. Откриените 53 потрошувачи кои незаконски се приклучиле на системот прават директна штета на потрошувачите кои согласно сите законски процедури се приклучени на системот. Согласно нашата пракса за транспарентно работење сите потрошувачи, вклучувајќи ги и оние кои се исклучени од системот се редовно и уредно известени за нашите активности, како и во овој случај. Оттука контролата во домовите се прави во соработка и со знаење на сопствениците. Во случаеви кога сопственикот одбива да дозволи увид на екипите на компанијата, согласно законот по добивање на судски налог се обезбедува увид, за што компанијата има законско право. И покрај законското право „Снабдување со топлина Балкан енерџи”, се обидува да ги искористи сите претходни можности за меѓусебно разбирање со потрошувачите и исполнување на оваа наша законска обврска“, појаснуваат од БЕГ.

    Тие најавуваат дека ќе продолжат со редовните контроли во интерес на потрошувачите кои се приклучени на системот и откривање на нелегалните приклучоци.

    БЕГ на потрошувачите кои нема да ги најде дома им остава известување дека во рок од пет дена треба да се јават кај нив за да договорат термин за нова посета. Во истото известување има и закана дека правото ќе си го бараат по судски пат  ако не им биде овозможен пристап.

    И по објаснувањето, БЕГ не одговори на забелешките на скопјани како постапуваат во случај ако потрошувачот не го види соопштението во рок од пет дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира