ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТАМОВ ПО ВТОР ПАТ ОДБИ ДА ПОТПИШЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОЈРАН, БАРА ПРИЕМ КАЈ ЗАЕВ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТАМОВ ПО ВТОР ПАТ ОДБИ ДА ПОТПИШЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОЈРАН, БАРА ПРИЕМ КАЈ ЗАЕВГрадоначалникот Борче Стамов со градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски, градоначалничката на Богданци Анастасија Олумчева и градоначалалниците на Босилово и на Василево држеше прес конференција пред Владата и побара прием кај премиерот Зоран Заев за да им го каже ставот на Владата околу рудниците

    Градоначалникот на Дојран Борче Стамов по вторпат не ја потпишал одлуката за референдумско изјаснување на дојранчани за Казандол и отварање рудници во нивната општина. Одлуката за референдум, Советот на општина Дојран ја донесе на 19 јуни, откако првата донесена одлука од 12 мај, со оправдување дека немал мандат, не ја потпиша ниту ја објави во службен гласник. Бидејќи со одлуката од 19 јуни не беше опфатен рудникот Казандол кај Валандово, таа беше надополнета на 27 јуни.

    Откако одлуката по втор пат не доби потпис од градоначалникот Стамов,  Советот денеска повторно заседавал и ја донел истата одлука – референдум во Дојран на 23 јули по две прашања: Дали сте за продолжување со работата на рударскиот комплекс Казандол кај Валандово и Дали сте за отварање рудници за металични минерални суровини во општина Дојран.

    Со денешното ново носење на одлука за референдумско изјаснување на дојранчани за евентуално отварање рудници, градоначалникот на општината – Стамов нема право да стави вето и да не ја објави во службен гласник. Истата автоматски стапува на сила биле информирани советниците од општинската администрација и Државната изборна комисија (ДИК).

    Градоначалникот Борче Стамов не креваше телефон да одговори зошто и по втор пат не ја потпиша одлуката за референдум во Дојран. Тој денеска со градоначалниците на Валандово Николче Чурлиновски каде се гради рудникот Казандол, градоначалничката на Богданци Анастасија Олумчева каде жителите на референдум се изјаснија против рудници но и првите луѓе на Босилово и Василево држеше прес конференција пред Владата на РМ.

    ,„Граѓаните во нашите општини се загрижени и бараат одговор. Загрижени се во однос на тоа дали рудниците ќе загадуваат и бараат одговор дали Владата на Република Македонија ќе продолжи, односно ќе дозволи градење на рудници или рудниците во југоистокот ќе бидат стопирани“ рече градоначалникот Стамов кој со своите колеги бараше средба со премиерот Зоран Заев

    Градоначалниците кои своевремено даваа позитивно мислење за концесии за детални геолошки истражувања и експлоатации на руда во нивните општини, деновиве добиле допис од Владата, дека нивното барање  било доставено до министерствата за животна средина и економија кои треба да се произнесат за издадените концесии.

    Владата на Груевски во 2014 година донесе одлука да се издадат концесии за проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини во 22 општини во источна и југоисточна Македонија. На одлуката стои потписот на тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски.

    В. ТРАЈКОВ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира