МАВРОВСКО ЛЕУНОВО ОТСЕЧЕНО, ЗАГЛАВЕНИТЕ АПЕЛИРААТ ЗА ПОМОШ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Леуново,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

МАВРОВСКО ЛЕУНОВО ОТСЕЧЕНО, ЗАГЛАВЕНИТЕ АПЕЛИРААТ ЗА ПОМОШ

Патот до Леуново е затрупан со половина метар снег.

Мавровското село Леуново е отсечено по снежните врнежи и заглавените граѓани се жалат дека патот не се чисти од вчера и не можат да ги добијат надлежните од „Македонија пат“. Дел од нив се со мали деца.

„Патот не се чисти од вчера од 18 часот, поточно откако си замина Груевски од ‘Радика’. На патот има пола метро снег, а струја немаше од 3 часот по полноќ, но за среќа дојде околу 10 часот“, велат заглавени во туристичката населба.

Се обратиле кај АМСМ и оттаму ги упатиле на „Македонија пат“, но се уште се без информација кога ќе биде исчистен патот.

„За состојбата со патиштата и зошто не се чисти патот до Леуново пробавме да се информираме од АМСМ, но оттаму не упатуваат да се јавиме во Македонија пат, но таму, пак, никој не се јавува. Немаме информации дали ќе се чисти вооошто или ќе си останеме овде со бебињата до март“, се жалат граѓаните.

Please follow and like us:
0

COMMENTS

meta charset="utf-8"
;