СЕАД КОЧАН ОСТАНУВА НА СЛОБОДА, НЕ Е ИСКЛУЧЕНО СЈО ДА БАРА ГАРАНЦИЈА ПОВИСОКА ОД МИЛИОН ЕВРА ОТИ ДОБИЛ НОВ ТЕНДЕР ОД ЕЛЕМ

    СЕАД КОЧАН ОСТАНУВА НА СЛОБОДА, НЕ Е ИСКЛУЧЕНО СЈО ДА БАРА ГАРАНЦИЈА ПОВИСОКА ОД МИЛИОН ЕВРА ОТИ ДОБИЛ НОВ ТЕНДЕР ОД ЕЛЕМСЈО потсетува дека Кочан повторно добил тендер од ЕЛЕМ, што покажува дека може да го повтори делото, па затоа и висината на гаранцијата може да е несоодветна - Сеад Кочан по сослушувањето во февруари годинава (Фото: СДК.МК)

    Одбиена е жалбата што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја поднесе до Кривичниот суд за одлуката за одбивање на мерката притвор и дадената гаранција за газдата на „Трансмет“ Сеад Кочан, потврдија од Основниот суд Скопје 1.

    Околу висината на гаранцијата од 875.298 евра што судот ја прифати за Кочан да може да се брани од слобода, течат роковите, но СЈО најавува нова жалба. Не е исклучено обвинителството што го води Катица Јанева сега да бара повисока гаранција во пари од газдата на „Трансмет“ кој е осомничен дека го злоупотребил државниот буџет за 17 милони евра.

    Обвинителството смета дека покрај тоа што е апсурдно да му се укине притвор на човек кој веќе бил избеган, тој повторно добил тендер од ЕЛЕМ, што покажува дека може да го повтори делото, па затоа и висината на гаранцијата може да е несоодветна.

    Адвокатот на осомничениот Кочан, Никола Додевски рече дека ова е „најголема гаранција дадена за некој случај“ и дека „во правната наука, на пример во САД ако се даде толку голема гаранција, а некој да бара притвор и повлекување на гаранцијата само за да го претвори притворот во казна не му е сфатливо“.

    Судија на претходна постапка во понеделникот одлучи да ја прифати понудената гаранција од Кочан од скоро 900.000 евра евра дека ќе остане во Македонија и нема пак да избега. Како мерка за обезбедување на присуството во постапката што се води против него, судијата му ја одзел патната исправа.

    Бирото за јавни набавки во четвртокот на 18 мај објави дека компанијата на Сеад Кочан „Трансмет“, чии што сметки се блокирани на барање на СЈО, повторно добила тендер кај ЕЛЕМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира