ВРХОВНИОТ СУД ГО ОДБИ ПРИГОВОРОТ НА НЕДЕЛКОВА, А ПРЕТХОДНО ЗА ИСТА РАБОТА ГИ УВАЖИ ПРИГОВОРИТЕ НА СУДИИТЕ ОД КРИВИЧЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРХОВНИОТ СУД ГО ОДБИ ПРИГОВОРОТ НА НЕДЕЛКОВА, А ПРЕТХОДНО ЗА ИСТА РАБОТА ГИ УВАЖИ ПРИГОВОРИТЕ НА СУДИИТЕ ОД КРИВИЧЕН

    Приговорот на врховната судијка Лидија Неделкова оти како кривичен судија е извадена од кривичниот оддел на Врховниот суд без нејзина согласност и на нејзино место се распоредила в.д. претседателката Снежана Бајлозова, која патем е граѓански судија, на денешната Општа седница е одбиен со мнозинство гласови на врховните судии.

    За истата работа, истите врховни судии во петокот ги уважија приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1, бидејќи в.д. претседателката Татјана Михајлова ги прераспоредила од еден во друг оддел, без нивна согласност. Со тоа падна годишниот распоред на судии на в.д. претседателката Михајлова, со кој таа ги тргна сите неподобни судии од Кривичен кои би можеле да имаат каков било контакт со предметите на Специјалното јавно обвинителство и сега ќе треба да прави нов распоред, со согласност од судиите што има намера да ги размести.

    Против годишниот распоред на врховните судии има уште три приговори и не се знае нивната судбина, бидејќи Бајлозова е недостапна. Пред Специјализираниот совет (од тројца судии), пак, е и жалба поднесена од Неделкова за незаконитоста на вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, што го спроведе Судскиот совет. Тоа беше првата тужба пред Управниот судд поднесена од судија против Судскиот совет на РМ, но Управниот суд ја одби.

    В.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова, избрана на оглас како граѓански судија во Врховниот суд, ќе биде и претседател на Кривичниот совет во највисокиот суд.
    Неделкова е прераспределена во одделот за судење во разумен рок, како член. Таа во ниеден од советите на Врховниот суд не е ниту претседател или заменик-претедател.
    Во годишниот распоред, чија примена почнува од први март годинава, в.д. претседателката Снежана Бајлозова ќе членува и во повисоките совети на Врховниот суд кои ќе одлучуваат по жалбите постапки против одлуките што ги носеле советите во кои и таа претходно учествувала во носењето на одлуките.

    Бајлозова е прва и во Одделот за судска пракса, покрај уште 6 врховни судии.
    Иако е граѓанската судијка Бајлозова ја нема во Одделот за граѓански дела.
    Со новиот распоред Бајлозова се назначила себе си за судија кој ќе одлучува по барањата за донесување на наредба за следење на комуникациите според Законот за следење на комуникациите (или закон за прислушкување). Пред неа, овие одлуки ги носеше поранешната претседателка Лидија Неделкова, како кривичар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира