БАКАРЕН КАЗАН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:110:"Евтинопоминавме.Некоидворцинаоградатаставатипозлата.

    1. МВР соопшти дека ноќта помеѓу 5 и 6 септември, непознат сторител во населба Радишани, Скопско, извршил тешка кражба. Од манастирот “Свети Ѓорги” украл 1.500 денари, 30 шишиња зејтин и бакарен казан.
    Има ли поголем скандал од тоа да крадеш зејтин од црква? И бакарен казан? Стварно, што треба да се украде за да биде доволно скандалозно за овој народ? Ова сведочењето пред Њујоршки суд на поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски, во кое со име и презиме ги реди сите функционери што земале мито во случајот Телеком не е скандал. Седум и пол милиони евра – тоа пари ли се? Нелегално прислушување на илјадници граѓани, скандал ли е? Не. Никој не беше изненаден дека се прислушува. Некои малку беа изненадени од содржината на прислушуваните разговори. Ама кога дознаа дека разговорите биле сечени, лепени и монтирани, ништо од скандалот.
    Затоа нас Американците ни се најдобри пријатели. Таму прецизно ја бележат нашата историја. Сите гревови ни ги знаат. И кој колку побарал, и кој колку украл, и кому колку му дале, и зошто му дале… Њујоршкиот суд не знае само кој зел мито за Телеком. Тој знае и кој не зел мито за Телеком.

    2. Рочиштето во Њујоршкиот суд е поврзано со мито дадено за одлагање на демонополизацијата на Телекомот. Требаше да се одложи влез на трет мобилен оператор.
    Нели и законот за либерализација на пазарот на електрична енергија требаше да стапи во сила на 1 јануари оваа година? Владата го одложи законот за пет години, во време кога компаниите веќе склучуваа договори и со дистрибутери за поевтина цена на струјата. Рекоа дека тоа се прави за да се заштити стандардот на граѓаните. Среќа што некој мисли на нас.

    3. ДУИ ќе го тужела Богоевски за сведоштво дадено под заклетва пред Њујоршки суд. По низата потреси во ДУИ и по сведочењето на Богоевски пред Американците за тоа кој зел мито од Телекомот, во партијата велат дека “агенти од тајни служби се обидуваат да ја урнат ДУИ и лидерот Али Ахмети”.
    Е па во ДУИ сигурно најдобро знаат за што се се способни тајните служби.

    4. Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во интервју за унгарскиот неделник “Фигел” изјавил дека “ако сериозно го прифатиме тоа што го бара од нас Европа, тогаш ќе има потреба и од физичка заштита – било војници, било ограда, или комбинација од двете”. Министерот нагласил дека не го смета ова за добро решение. Ама го кажал пред новинар. И тоа во Унгарија која веќе изгради ѕид за бегалците.
    Не е ништо чудно тоа што министерот сериозно ги анализирал потезите на Унгарија. Па пред две години претседателот Иванов го одликуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан со високото македонско одликување – орден “8 Септември”. Нашата влада дели заеднички вредности со Орбан. И оградите ги спојуваат.

    5. Не ми се верува дека живееме во 21 век, а главна тема веќе неколку дена ни се огради. Ете и СДСМ не издржа пред предизвикот. Од сите теми во државава, тие се фатија за оградата. Па и прес-конференција држеа пред оградата што ја гради Владата. Се разбуди анархистичкото крило на социјалдемократите. Ако не можат да ја урнат Владата, барем да ја урнат оградата. Ама откако ќе дојдат на власт.
    За волја на вистината, оваа влада, додека беше старата зграда имаше многу отворени денови со граѓаните. Па и сега, додека се дига оградата, од ВМРО-ДПМНЕ му одговараат на СДСМ дека просторот кој се оградува ќе биде отворен за јавноста и хортикултурно уреден. Значи, се заградуваат за да бидат отворени за граѓаните. Звучи парадоксално, ама сигурно има некаков есап.
    Како и да е, евтино поминавме. Некои дворци на оградата стават и позлата.

    6. Од Општина Центар викаат дека ако градоначалникот Андреј Жерновски побара да се намали висината на објектите изгласани во планот за време на претходниот ВМРО-вски градоначалник Владимир Тодоровиќ, Владата немало тоа да го прифати и затоа тој немало ништо да презема и нема ни да бара.
    Што убаво оправдување си најде Жерновски за да не му се налути ВМРО-ДПМНЕ. А ако не е оправдување, тогаш е уште пострашно. Значи дека градсково дете чиј избор демек симболизираше слободна територија, нема смелост да крене глас, нема храброст да се бори и да си го каже ставот. Како смислиле ВМРО-вците, така нека биде.
    Ако ништо друго, барем да се засрамеше од гласачите што три пати го гласаа за да го изгласаат, од странските амбасадори што му ги чуваа гласачките кутии, од граѓаните што пркосеа на насилништвото на ВМРО-ДПМНЕ, од пензионерите на кои им ги расипуваа лифтовите на денот на изборите, од паркобраните што му ги бранеа дрвјата од сеча додека тој се сончаше… Градоначалник се бира да ги застапува интересите на граѓаните, да се бори, гласно да ги објави тие интереси, па макар и да загуби. По логиката на Жерновски и Македонија ич не требаше да игра фудбал со Шпанија, оти однапред се знаеше дека ќе изгуби.

    7. Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска завчера, на граничниот премин Табановце отвори сувенирница. Таа е претпоследна од 20-те продавнички што како проект на Министерството за култура се отворија низ државата.
    Убаво што сувенирницата е отворена. Ама мораше ли мала монтажна продавница на автопат да отвора министер? Изгледа морало, ако премиерот бил зафатен.

    8. Прво му направија споменик од 350 илјади евра. После по него именуваа и улица. Па мост. А сега со името на Тодор Александров е именувана и новата државна катна гаража, за која Градот Скопје плати 12,5 милиони евра. Тодор Александров го надмина и Тито.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари