ДЕМОКРАТСКА ДИСЦИПЛИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:125:"Дагиоставименашитеголемибраќанамирдасеиспотепаатмеѓусебе

    1. Иселениците се вратија. Дојдоа на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Наместо со милијарда долари, колку што ни ветуваа дека ќе ни донесат уште пред изборите доколку победи ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа со полна торба совети. За пари ќе попричекаме, бидејќи во Македонија уште не се создадени услови за странски вложувања. Не се сменети директорите и главните уредници на јавните гласила.
    За да се надмине и оваа пречка, тие понудија оригинална идеја. Побараа зградата на “Нова Македонија” да им се распореди на партиите, така што секоја партија ќе добие по еден кат и по една редакција. Така ќе се обезбеди повеќе­партијност во Куќата.
    Идејата ја промовираше Драган Богдановски, веројатно по урнек на слични партиски поделби на весниците во земјите на Западна Европа, од каде што доаѓа. Бидејќи зборуваше од името на најмакедонската партија на светот, логично беше што побара весникот “Нова Македонија” да го земе ВМРО-ДПМНЕ. Другите партии нека се спогодуваат околу другите редакции. Еве, ние веќе сериозно размислуваме да се дадеме на лицитација. Нека биде сé во знакот на пазарната економија, па нашите идеолошки сфаќања ќе ги менуваме во зависност кој како ќе нé плати.
    Последниот кат во меѓупартиската поделба е резервиран за Штабот за одење на Солун. Од таму пука јасен поглед кон влезот на грчкиот конзулат. Во секој момент може да се види дали има турканици пред вратата, за да може брзо да се реагира. Да се испрати некој комита да извади визи, без многу чекање.

    2. ВМРО-ДПМНЕ сега може сé, бидејќи на конгресот во Прилеп зајакна и организационо се престрои. Министерот Александар Лепавцов промовираше шема на организацијата, што личи на струјно коло во некој сложен електричен апарат, на која може да му позавиди дури и градоначалникот на Скопје, електр­оинженерот Милан Талевски.
    По углед на сите модерни европски партии, Лепавцов најдемократски во шемата предвидел и дисциплинска комисија. Во неа ќе дојдат до израз “чесни, бескомпромисни и тврди членови на ВМРО-ДПМНЕ”. Најголема мана на шемата е што г. Лепавцов не предвидел со кои инструменти ќе се дисциплинира непо­слушното членство.

    3. Не знам дали мислеше на “дисциплинирана” демократија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски кога на конгресот изјави: “Кога би ги немало нашите 37 пратеници во македонското собрание и демократијата во Македонија не би била тоа што е”. Меѓутоа, со сигурност знам дека ист потег каков што направи неговата партија, пред неколку месеци повлече и Социјалистич­ката партија на Србија. Бидејќи и Слободан Милошевиќ, исто како нашиот Љупчо Георгиевски, се најде во уставна позиција да не може да биде на чело на партија, СПС, веројатно сметајќи дека Слобо е незаменлив, го стави неговото претсе­дателско место на партијата во мирување. Во меѓувреме со српските социјалисти ќе раководи колективно тело од неколку потпретседатели.
    Уште нешто. Омилена синтагма на Милошевиќ е: “Сите луѓе и граѓани”. Во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ пак стои: “Сите Македонци и граѓани на Маке­донија”. Преведено во македонски услови, му доаѓа дека Македонците се луѓе. И веројатно граѓани од прв ред.

    4. Екскурзијантите претставени во личностите на првите луѓе на “сите луѓе и граѓани на Југославија” го напуштија Брдо кај Крањ. Не договорија ништо значајно ново, освен што успеаја да ја растројат југословенската ТВ мрежа. Испитувања за можните растројства на “луѓето и граѓаните” што со нетрпение очекуваа да ги видат на ТВ екраните – сé уште не се направени.
    Втора значајна придобивка е што во денот кога поради штрајк авионите на ЈАТ останаа на земја, многу успешно функционираше флотата на “Ер президент”. Успеаја да пренесат еден бубрег на трансплантација во Загреб.
    Конечно се договорија за референдум. Во Македонија ќе се изјаснуваат сите граѓани дали се за суверена Македонија во сојуз на југословенски држави или пак за сојузна држава. Крајно време е да ги оставиме нашите големи “браќа” на мир да се испотепаат меѓу себе, а ние да ги посматраме од пристојна одда­леченост. Ос­вен ако не сакаме да се казниме, па и натаму да останеме залож­ници на Туѓман и Милошевиќ.

    5. Со сето почитување кон мојот постар колега од Македонската телевизија Драган Ѓорговски, се надевам нема да се налути ако го потсетам дека истото прашање му го поставува на претседателот Киро Глигоров веќе три пати. А претседателот, бидејќи не си ги менува лесно ставовите, како некои негови колеги од другите републики, мора три пати истото да му го одговара.
    Предлагам, на следната средба во Охрид Ѓорговски да не оди. Претседателот Глигоров го знае прашањето и сам ќе земе збор да му одговори.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари