ПЛАТИ НОСИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:123:"Меѓународнаразмена:двамакедонскипремиеразаеденмладјапонски

    1 Алал да им е на брачната двојка Николиќ. Успеале да соберат милиони евра од продавање непостојни станови. Фиком е бренд што треба да се заштити. Тие не краделе. Тие здружувале пари. Така им пишува во договорите на измамените.
    Сега Весна и Никола Николиќ се во Истражниот затвор во Шутка. Власта се труди да ја разоткрие градежната пирамида.
    Најдобро е да побараат помош од Џилијан Миловановиќ. За да ги стави во американската програма за заштитени сведоци. Само така Груевски ќе може да ја открие урбаната мафија.
    Весна и Никола се бранеле со молчење. А што да кажат. Нека им ветат слобода, или барем условна пресуда, па може и ќе прозборат. Да се види каде оделе процентите од здружените средства. Дали кај нотари, дали кај службеници во министерствата за урбанизам и за финансии, дали кај градоначалници, кај инспектори, полицајци, службеници во катастар, банкари, градежни фирми… Плаќале ли даноци, како ги носеле градежните материјали, како добивале дозвола за градба, плаќале ли комуналии.
    Не се само Весна и Никола махери за правење милиони. Требало и тие со некого да здружат средства.

    2 ДПА прво го прифати, па се премисли за законот за полиција. Во исто време нивниот лидер Арбен Џафери повторно го актуализираше прашањето за официјалната употреба на албанскиот јазик и за ресоцијализацијата на борците на ОНА.
    Многу брзо до Груевски стигна фактурата за убавото однесување на Мендух Тачи.
    После толку години садење тикви со нив се знаеше дека фактурата ќе стигне. Само не знаевме дека толку брзо ќе дојде времето за наплата. Џафери и на Љубчо му испраќаше фактури по итна постапка. Кај Албанците нема чек на почек. Системот на фактурирање е: Цасх анд царрѕ. Плати и носи.

    3 Јапонија тргнала по патот на Македонија. Минатата недела избраа најмлад премиер во нивната историја. Има само 52 години.
    Ние сме блиски со Јапонија. Тие ни даваат пари, а ние државничко искуство. Само имаат уште многу да учат. Кога ќе решат да го сменат овој нивниот најмладиот, ќе им пратиме два наши премиера за еден нивни.

    4. Откако грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани се сретна со македонскиот министер Антонио Милошоски имаме историска шанса да завршат преговорите за името.
    Госпоѓата Бакојани изјави дека нашиот министер е “млад и неискусен”. Да беше Милошоски поискусен во дипломатијата, на тоа би одговорил: “Јас не се сомневам дека колешката е стара и искусна”. Ама тој не ѝ одговори.
    Шансата за затоплување на односите меѓу Македонија и Грција е токму во комбинацијата на Милошоски со Бакојани. Млад и неискусен маж и стара и искусна жена е идеална комбинација за дијалог. Посматрачи не се пожелни. Метју Нимиц во случајов може да биде само љубоморен.
    Ако Грците за решавање на спорот си бараат стар и искусен нека си го земат Киро Глигоров. И онака таткото на Дора, Мицотакис со нашиот Киро ги средија односите уште деведесеттите од минатиот век. Уште траат двата месеца на привременото име БЈРМ.

    5 На градоначалникот на Скопје Трифун Костовски му се погоди. Во главниот град имаше есенско чистење. Конечно. Три дена врнеше.

    6 Има една реклама за некое школо за таленти. Наводно обучуваат талентирани за глума, манекенство, танцување, пеење и новинарство. Што бара новинарството тука.
    Тоа мора да се некои мултиталентирани кадри. Дај да регрутираме некого за во редакција. Ќе глуми дека е новинар, а ако е манекен, или манекенка ќе ги сликаме и за насловна. Уште и ако запеат и затанцуваат може да ги унапредиме во портпароли.

    7 На “Канал 5”, околу 10 часот наутро се репризира хрватската сапуница “Вила Марија”. Во најавата се покануваат да ја гледаат “домаќинки и добри сопруги”.
    Ај домаќинките сабајле си се дома и ќе си гледаат. Ама зошто сопругите што се дома сабајле се добри? Затоа што гледаат телевизија и не му отвораат на поштарот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира