ЦЕНТАРСКО ТЕФТЕРЧЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:112:"Децатавеќегопобедилестравот.Зародителитенесмесигурни

    1.   Еден од средношколците што протестираат кои беа на преговори со Владата, рече дека во текот на дискусијата вицепремиерот Владимир Пешевски му се обратил со зборовите: “Знам кој те праќа.”
    Значи, странските служби уште работат.

    2.   За мене децата се најпријатното изненадување што ни се има случено последниве месеци. Прво студентите дадоа пример како е да имаш став и како треба да се бориш за да опстоиш на ставот. А еве сега и средношколците си го бранат ставот. И што сакал вицепремиерот Пешевски да постигне со тоа што му кажал на средношколецот дека знае кој го праќа? Дека детето не е способно само да мисли? Дека не знае зошто бојкотира настава? Дека не е доволно зрело самото да донесе одлука какво образование сака? Или, едноставно сакал да го заплаши?
    Е ако е така, тогаш тука се зафркнал. На погрешно место покажал сила. Нашол дете да му се заканува и да му втерува страв. Ене ги во шаторите и по школските ходници. Децата веќе го победиле стравот. За родителите не сме сигурни.
    Децата ни држат лекција. Ама ние уште не сме ја научиле. Тие не сакаат да учат во систем кој од нив ќе направи идни поданици. Тоа е системот што се гради со плашење родители и плашење професори. Стравот треба да се држи со партиски списоци за вработување, со партиска лојалност за да се стане директор на школо, со тестови смислени во некое министерство, со надворешни контроли од партизирани бирократи… Така се создаваат квалитетни кадри што ќе бидат подготвени да работат за 150 евра во некоја од странските инвестиции платени со парите од македонскиот буџет. Така се создаваат комплетни личности подготвени во секој момент и на секој повик на партијата да влезат во автобус и да одат на кој било митинг или трибина за да бидат публика што ќе му аплаудира на тој што ги вработил, или што ќе биде доволно милозлив, па нема да ги избрка од работа.
    Кого бе они ќе бркаат од работа? Па и децата знаат дека политичарите се сменливи. Не ми е јасно зошто родителите упорно го забораваат тој факт. Ние сме работодавачи на власта. Ние им даваме плата. И ние можеме да ги отпуштиме. А не тие нас.

    3.   Истите оправданија ги слушав и за референдумот за ГТЦ во општина Центар. Демек многумина би излегле на референдум, ама се плашеле. Им било страв дека ако ги виделе дека се заокружени на избирачкиот список ќе ги избркале од работа.
    Е па нека продолжат да си наоѓаат оправдување. Ама кога веќе така размислуваат, како не им текна дека списокот кажува две работи. На него има заокружени имиња, ама има и незаокружени. Како што кажува кој излегол на референдум, така кажува и кој не излегол. Ако денеска се плашат од тие што ќе виделе дека се заокружени, утре ќе се плашат од другите што виделе дека не се заокружени. Што убаво оправдание си имаат. Цел живот во страв нека си живеат.
    Неуспехот на референдумот за задржување на стариот лик на ГТЦ кај мене разби два урбани мита. Едниот е митот за градските деца. Демек тие се Центарци и со самото тоа се многу повредни од Чаирци, Аеродромци, Драчевци, Ѓорчевци, Карпошовци… Е па не биле. А вториот мит е дека и со Центарци завладеал стравот. Глупости. Стравот само им доаѓа како доволно добро оправдание за сериозно да ги сфатиме кога ни раскажуваат гачки. Па и да ги сожалуваме. Колку биле тие храбри и активни на Фејсбук, ама кога требало да се излезе на референдум и да се покаже став, отишле на излет. Се напиле, па се успале. Море не ги сожалувам. Центарци се исти како и повеќето од нас. Ќе трпат,ама газот нема да го мрднат. Само случајно да не се најдат надвор од удобноста на партиското тефтерче.

    4.   Знае ли Заев со кого си има работа кога најавува до сега невиден протест во Скопје? Особено со неговите во партијата. Искрено, ми се чини дека СДСМ како најголема опозициска партија сè уште не ја покажува решителноста што ја гледаме кај средношколците и студентите.
    Може лидерот на СДСМ да прави најголема револуција до сега, ама ако дошло време да се искористи стариот одмор и евтините предсезонски аранжмани за Грција, нема толку силна диктатура што ќе ги задржи на протест. Не може Груевски толку да притиска, колку што може да биде атрактивен аранжманот. Спремни ли се СДСМ да се откажат од евтините вонсезонски аранжмани во име на лидерство заради решавање на политичката криза? Или чекаат народот да им ја заврши работата. Па се надеваат дека тие ќе дојдат на власт и ќе ни покажат како добро се владее.

    5.   Истата недела кога амбасадорите на САД, Германија и ЕУ изјавија дека ќе ја поддржат секоја власт во Македонија што ќе ги сподели нивните вредности за демократија, слобода и владеење на правото, претседателот Ѓорге Иванов покажа какви вредности тој споделува.
    Прво, ниту тој, ниту неговото семејство не излегоа на референдумот за ГТЦ како жители на Центар. А потоа замина за Азербејџан. Во земјата која е на петто место од десетте држави во светот со најголема цензура. И во која се затворени десет новинари, а клеветата се казнува со шест месеци затвор. Иванов втор пат за два месеца се среќава со претседателот на Азербејџан. Кој е на власт од 2003 година, а поставен е од татко му. Што не намина и до Казахстан. Да му честиташе на Нурсултан Назарбаев кој повторно беше избран за претседател со 97,7 отсто од гласовите.
    А каде да оди претседателот? Кога никој друг не го прима. А и сезоната за берење калинки уште не е почната.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари