ВО ЛЕР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:199:"Зна­е­месештосеслучилоодАминтаТретинаваму,аманезнаемештосменаправилеод24декемвридо21декември

    1 По­ми­на уште еден датум за датум. Европската унија порача да се имплементира до­го­во­рот од 1 март. Што беше тоа? Кој се сеќава што беше договорено на 1 март? Аха, ми тек­на. Нешто што се случило на 24 декември. Многу датуми имаше, не знам што беше пр­во за паметење.
    Прес­ло­же­но за еден нормален ум е кога на 20 декември зборуваме за нешто што било на први март, за нешто што се случило на 24 декември, ама лани. Кој го почна тоа? Ако ве­ќе се сеќаваме, треба да ги вратиме работите многу одамна. Ако не од Александар, то­гаш барем од свети Павле.
    Ние имаме колективно паметење, ама слаба меморија. Знаеме се што се случило од Амин­та Трети наваму, ама не знаеме што сме направиле од 24 декември до 21 де­кем­ври.

    2 Ма­ке­до­ни­ја нема да почне преговори со ЕУ, затоа што немаме добрососедски односи. Ср­би­ја ќе ги почне преговорите, оти има добрососедски односи. Особено со Косово. А Хр­ват­ска, како членка на ЕУ, не стави вето за преговорите со Србија, иако двете земји ме­ѓу­себ­но се тужат за геноцид. Уште откриваат масовни гробници, уште раселените не мо­жат да се вратат дома, кирилицата им ја забрануваат веднаш преку Сава, вистински ге­но­цид се случи на двете страни пред само дваесет години, и тие имаат добрососедски од­но­си. А ние со Бугарите имаме и кирилица заедно, а и со Грците, плус – минус, некои бук­ви ни се исти, 150.000 Македонци имаат бугарски пасоши, половина милион Ма­ке­дон­ци одат на одмор и шопинг во Грција, ама немаме добрососедски односи.
    Чи­та­ат ли тие во Брисел што имаат напишано во извештаите за Македонија?
    Мо­жам да разберам кога забелешките на ЕУ се за владеење на правото, реформа на судс­тво­то, слобода на говор, слобода на медиуми, човекови права, непартизирана јавна ад­ми­нис­тра­ци­ја и други демократски придобивки каде што навистина сме тенки. Ама за 20 го­ди­ни можеа лошотилокот на Грција и неизживеаноста на Бугарија да го покријат со не­ко­ја поочебијна забелешка отколку добрососедски односи. Оти дури и голата ста­тис­ти­ка покажува дека и покрај сите граници со соседите, имаме проток на луѓе и идеи, а бо­га­ми и пари по европски стандард.

    3 Мал­ку сум збунет. Како оние од Брисел бараат да се сеќаваме за нешто што се слу­чи­ло на 1 март, за нешто што се случило на 24 декември, а во исто време, американскиот ам­ба­са­дор Пол Волерс ни вика дека ретровизорот не треба да е поголем од шо­фер­шај­бна­та. Демек, гледајте напред, а не назад.
    Ко­га сме веќе кај ретровизорот и шофершајбната, зошто ЕУ има право да гледа во рет­ро­ви­зор, а ние немаме. Оти тртљањето за добрососедските односи се сведува баш на рет­ро­ви­зо­рот. Грција и Бугарија имаат право во ретровизор да гледаат во Александар и во Кирил и Методиј, а ние немаме.
    Из­гле­да дека ЕУ и САД не можат да се договорат. Едните викаат ширете ги рет­ро­ви­зо­ри­те. А другите проширете ги шофершајбните. Кога те учат двајца инструктори со двојни стан­дар­ди, нормално е да ти се блокира мозокот. И наместо да возиме, ние си стоиме во место.

    4 Кај што стоиме во место, па уште и не дишеме. Оти така препорача Владата кога до­не­се мерки против загадувањето. Рекоа кој нема потреба, да не излегува од дома. А кој из­ле­гу­ва без потреба? И што е потреба? Дефинирајте. Има потреба да се оди на работа, во школо, на лекар, на пазар, на слава..?. А што, кога ќе излезеш со потреба, воздухот вед­наш е помалку загаден?
    Плус ни рекоа и да не ги проветруваме просториите. Што мислат они? Дека ние дома од Мав­ро­во го увезуваме воздухот и го складираме како зимница? Плус, ај да те видам не про­вет­ру­вај по толку посни слави со грав и кисела зелка. Не ни дадоа точни на­патс­тви­ја уште колку време не смееме да отвараме прозорци. Не дишете едно месец и пол, па ко­га ќе дувне ветер ќе може да дишете.
    За случајно да не си помислиме дека власта не се грижи за народот, излегоа со некои мор­ски идеи за пресадување на стари дрвја и полевање на улиците со хемикалија. До­де­ка чекаме да пораснат осумте милиони садници, не утешија дека и во Париз и во Бар­се­ло­на било загадено. Ама заборавија да кажат дека ним им е уште потешко. Ние барем че­ка­ме гасификација и трамвај за да почнеме да дишеме. А тие имаат и гас и трамвај, па не­ма­ат на што да се надеваат. Безнадежен случај се.
    Ут­ре да дувне ветер, се ќе се заборави. А напролет ќе се вратиме на градежните ак­тив­нос­ти на Водно и темата за загаденоста ќе биде актуелна колку и ланскиот снег. Исто ка­ко препораката на ЕУ дека за датумот за Македонија ќе расправаат следната година.
    Ама, на нивната потреба да се оправдаат, која очигледно е многу поголема од пот­ре­ба­та да го решат проблемот, имам едно човечко и најпросто прашање: Каде живеат ма­ке­дон­ски­те политичари? И неколку потпрашања: Дали дишат од нашиот воздух? Дали ми­нис­три­те одат во Влада без потреба? Како луфтираат? И каде си ги шетаат децата?

    5 Де­не­ска ќе се отвори ургентниот центар на Детската клиника. Се сеќавам дека пред не­кол­ку години започна хуманитарна невладина акција помогната од холандската ам­ба­са­да. Под слоганот “Можеш ако сакаш”, преку донации на фирми и СМС пораки, тре­ба­ше да се соберат 50.000 евра.
    Во исто време додека граѓанството донираше, странци ни држеа прес-конференции и ор­га­ни­зи­раа кампања за да се направи нашиот ургентен педијатриски центар, за да се со­бе­рат тие 50.000 евра, Владата најладно фукна 160.000 евра за вртелешка на Плош­та­дот. Како размазен тинејџер што ниту ја знае ниту, пак, сака да ја знае вредноста на па­ри­те и приоритетите што со нив да се купи. Или како неодговорен новопечен биз­нис­мен, кој со првите пари што ќе ги земе на кредит, си купува џип и не ги исплаќа платите и долговите.
    6 Во ист ден додека сексуалните работници со црвени чадори во Скопје маршираа про­тив насилството на работно место, во Куманово газдата на некоја фирма ги затворал вра­бо­те­ни­те во фрижидер додека помине инспекцијата, а на тие што зборувале за ме­ди­у­ми им ја намалил платата. Кога дошла инспекцијата, тој им рекол дека се е во ред, и тие му поверувале.
    Кој е тука злоупотребен сексуален работник? И зошто маршираат само сексуалните ра­бот­ни­ци, кога и другите се малтретирани на ист начин на работното место. Ги дупи газ­да­та, а богами и државата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира