НА СУПЕРКУПОТ САМО СО ШПАНСКИ И АНГЛИСКИ ЗНАМИЊА

    НА СУПЕРКУПОТ САМО СО ШПАНСКИ И АНГЛИСКИ ЗНАМИЊАОд ФФМ велат дека ќе бидат одземени и знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки. (архивска фотографија)

    На натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на стадионот „Филип Втори“ нема да може да се внесат македонски знамиња, откако Фудбалската федерација на Македонија соопшти ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите учесници, како и националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат, Шпанија и Англија.

    „УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија упатуваат потсетување до сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед на Националната арена ‘Филип Втори’ дека ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите финалисти, како и Националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија). Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени“, соопшти попладнево ФФМ, во пресрет на натпреварот во вторник.

    Од ФФМ додаваат дека ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки, а ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира