КУРЦ БАРА БЕГАЛЦИТЕ ДА СЕ ЧУВААТ НАДВОР ОД ЕУ, НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ИЛИ ГРУЗИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Берлин,(Мета)

    КУРЦ БАРА БЕГАЛЦИТЕ ДА СЕ ЧУВААТ НАДВОР ОД ЕУ, НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ИЛИ ГРУЗИЈА

    Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц се залага за создавање центри за бегалци надвор од територијата на Европската Унија, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пишува германскиот весник „Билд“.

    „Потребни ни се центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Нема толку фундаментално значење каде тие конкретно ќе бидат распоредени. Важно е да ја обезбедуваат заштитата и луѓето кои нелегално се обидуваат да влезат во Европа да можат да бидат пратени таму“, вели Курц во интервјуто и додава дека центрите може да се формираат во земји како Грузија, Египет или во западнобалканските држави.

    Австрискиот дипломат повторно изјави дека треба да се затвори средоземноморската маршрута за нелегалните мигранти, по која во Европа пристигнуваат најмногу мигранти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира