Тагови Постови тагирани со "Али Ахмети"

таг: Али Ахмети

КЕШ АНАЛИЗА

1 Корисниците на Народната кујна во Куманово и Старо Нагоричане останале без дневниот оброк, затоа што кумановскиот Центар за социјални работи не склучил договор со фирмата што готвела храна.  Од таму велат дека стариот договор завршил, а нов не е склучен поради политичката состојба во земјата. Прво се менувале министрите, а сега немало Влада. И немало кој да потпише. Е...

ДУИ ЌЕ РАСПРАВА ДА ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА

ДУИ денеска закажа седница на Централното претседателство на која ќе се расправа дали ќе влезе во владата предводена од СДСМ или ќе оди во опозиција. Извори од ДУИ велат дека на средбата на лидерот на партијата Али Ахмети со британскиот министер за Европа и Америка Ален Данкан му соопштиле дека размислуваат да одат во опозиција, но да ја поддржат владата...

НЕМА ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ МЕЃУ ДУИ И СДСМ, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека нема многу разлики меѓу платформите на ДУИ и СДСМ по вечерашната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Мала Речица на која, меѓу другото, се разговараше за законот за употреба на јазиците. „Употребата на албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во...

ЈАС СУМ ОПТИМИСТ, ИЗЈАВИ ЗАЕВ ВО МАЛА РЕЧИЦА ПО СРЕДБАТА СО АХМЕТИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по тет-а-тет средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица изјави дека е оптимист оти двете партии ќе можат да најдат заедничко решение во рамките на Уставот за употребата на албанскиот јазик. „Се надевам дека овој преговарачки процес ќе заврши набрзо. Јас сум оптимист“, рече Заев. „Некои работи ги расчистивме со господинот Ахмети. Се...

ЗАЕВ НА ТЕТ-А-ТЕТ СРЕДБА СО АХМЕТИ ВО МАЛА РЕЧИЦА

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва имаат средба во седиштето на партијата во Мала Речица, потврдија од ДУИ. Нема детали за средбата, која како што ни кажаа во партијата се одржува тет-а-тет. Претходно, попладнево во скопскиот хотел Александар Палас се сретнаа претставници на СДСМ и на Алијансата за Албанците.

АХМЕТИ ЌЕ ПОЧЕКА УШТЕ НЕКОЈ ДЕН, ЗАЕВ НА БУБА МАРА

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во седиштето на партијата во Мала Речица имаше состанок со своите потпретседатели на кој разговараа за понудата на СДСМ за формирање нова влада. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, вечерва беше забележан во Метрополис арената во Скопје на „Златна Буба Мара на популарноста“. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи пред средбата на потесното претседателство кажа...

АХМЕТИ И СЕЛА НА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ, КАСАМИ ОД БЕСА НЕ ДОЈДЕ, ЗАЕВ ЧЕКА ОДГОВОР

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Движењето за реформи на ДПА (ДР-ДПА) Зијадин Села денеска се среќаваат во Скопје на консултации за формирање парламентарно мнозинство. Претставник од БЕСА не се појави во хотелот каде што се одржува средбата. Средбата во Скопје е на иницијатива на Зијадин Села. Потписници на платформата за преговори се и ДУИ и БЕСА. На средбата...

САМО ШУТКА НЕ

1 И ете така. Си помина уште една недела во чекање на потписите што претседателот Ѓорге Иванов ги побара за да можел да го даде мандатот за состав на нова влада. А Али Ахмети уште ја замајува јавноста со приказните за тешката државничка одлука што требало да ја донесе. Те овој датум, те оној датум, те албанска платформа, те...

ФЕТАИ И ЗВРЛЕВСКИ СЕ ДРУЖЕА НА ПРОСЛАВАТА НА НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО ПО ПРЕТСТАВАТА НА УНКОВСКИ

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски се дружеа по преставата "Наследникот“ на Народниот театар од Приштина, со која во Македонија беше одбележана 9-годишнината од независноста на Република Косово. Иако двете обвинителства во јаноста се перцепираат како непријателски, тие за време на коктелот разменија пријателски досетки, забележа репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК. Режисер на претставата со која беше одбележан националниот...

АХМЕТИ И ЗАЕВ ПРВО ГО ДОГОВАРААТ ПАРЛАМЕНТОТ, ПА ЌЕ СИ ЗЕМАТ УШТЕ 20 ДЕНА ЗА ВЛАДА

Ако ДУИ донесе одлука да ги даде потребните потписи за да може СДСМ да побара мандат за формирање на влада од претседателот Ѓорге Иванов, прво ќе се заврши со конституирањето на  Парламентот со избор на собраниски спикер, а дури потоа во  уставните 20 дена ќе се разговара за персоналниот состав и другите отворени прашања, велат извори од СДСМ и...