Тагови Постови тагирани со "снежни врнежи"

таг: снежни врнежи

СТОТИНА КАМИОНЏИИ ЗАГЛАВИЈА НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА ПОРАДИ СНЕГОТ

Грција ја спушти рампата за влез на тешки товарни возила кои транзитират преку Македонија. Поради лошите временски услoви и состојбата на патиштата, грчките власти од утрово забранија транзит на сите видови тешки моторни возила. Од таа причина во граничниот простор меѓу Македонија и Грција заглавени се околу 80-тина камиони, а пред македонсkата граница чекаат дополнителни 20-тина камиони натовареnи со...

12 ГОДИНИ СТАРО Е НАЈНОВОТО ВОЗИЛО ВО „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ – БИТОЛА

Најновото возило во битолската подружница на „Македонија пат“ е старо 12 години, а останатите камиони и машини во функција се 25 до 30 години. Директорот Веселинчо Спасевски признава дека најголемиот проблем во расчистувањето на патиштата им ги задаваат дефектите на застарената механизација. „Единствен проблем ни се дефектите заради старата дотраена механизација и секојдневно ги поправаме што би се рекло во...

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ ПОРАДИ НОВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

Снег со слаб интензитет утрово паѓа низ цела Македонија и сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, информираат од АМСМ. Повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на кракот Маврово-Дебар. Поради ниски температури наместа е можна...

МАВРОВСКО ЛЕУНОВО ОТСЕЧЕНО, ЗАГЛАВЕНИТЕ АПЕЛИРААТ ЗА ПОМОШ

Мавровското село Леуново е отсечено по снежните врнежи и заглавените граѓани се жалат дека патот не се чисти од вчера и не можат да ги добијат надлежните од „Македонија пат“. Дел од нив се со мали деца. „Патот не се чисти од вчера од 18 часот, поточно откако си замина Груевски од ‘Радика’. На патот има пола метро снег, а...

СЕ РАСИПАЛ КАМИОНОТ ШТО ГО РАСЧИСТУВАЛ ПРЕВОЈОТ БУКОВО НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД

Се расипа камионот кој работеше на расчистување на снежните наноси од превојот Буково на патниот правец Ресен-Охрид. Сообраќајот на овој пат е во прекин заради расчистување. Со цел состојбата побрзо да се нормализира на помош се испратени два камиони од Битола, соопшти за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на битолската подружница на „Македонија пат“, Веселинчо Спасевски. Тој вели дека не е точна информацијата...

АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО НЕ СЕ ЧИСТИ ОД СНЕГОТ

Автопатот Скопје-Тетово не се чисти од снегот кој од ноќеска почна да врне низ северна и западна Македонија. Граѓани се жалат дека автопатот е прекриен со снег и никој од службите нема поминато да го исчисти. Врнежи од снег утринава има во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, Скопје, планинскиот превој Стража, Кула, Маврово и на Попова Шапка и од АМСМ информираа дека е...