ВО МАРСЕЈ 35 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ АНГЛИСКИ И РУСКИ НАВИВАЧИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:193:"Локалнитевластизанередитеоколустаротопристаништеиоколнитеулицигиобвинија„пијанитекретени“";s:9:"td_source";s:12:"Марсеј

    ВО МАРСЕЈ 35 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ АНГЛИСКИ И РУСКИ НАВИВАЧИ

    Полицијата во францускиот град Марсеј објави дека 35 луѓе се повредени во тепачките помеѓу навивачите на Англија и Русија за време на Европското првенство во фудбал. Повеќето од повредените биле малолетници.

    Локалните власти за нередите околу старото пристаниште и околните улици ги обвинија „пијаните кретени“

    Полицијата во Марсеј употреби и водени топови против англиските и руските навивачи. Судирите избија пред, за времe, на,  и по натпреварот на двете репрезентации на „Велодром“, којшто заврши без победник 1:1.

    Тепачките почнаа уште ноќта во четвртокот, кога 250 англиски навивачи се судрија со локални хулигани од Марсеј. 24 часа подоцна, на истото место, полицијата ги разделуваше англиските и руските навивачи. Насилство изби на самиот натпревар од групата Б, откако во финишот од натпреварот руските навивачи влегоа во секција од стадионот со англиски навивачи, по што настана стампедо кон излезите.

    Иако Франција се подготвуваше за исламски терористи, но најголеми проблеми и создадоа фудбалските хулигани

    Инциденти ноќеска имаше и во Ница, кадешто навивачите на Полска и Северна Ирска беа нападнати од локални хулигани, но таму полицијата брзо воспостави ред.

    Денешниот натпревар Турција-Хрватска (15 часот), исто така, се смета за меч од висок ризик, а играат уште Полска-Северна Ирска (18 часот) и Германија-Украина (21 часот).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира