БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

    БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИЏонсон вели дека не се откажува од идејата за избори на 12 декември (Фото: АП)

    Британскиот парламент убедливо го одби предлогот на Борис Џонсон за предвремени избори на 12 декември, но тој најави дека ќе се обиде повторно.

    Ова доаѓа истиот ден кога Европската Унија се согласи да го одложи брегзит до 31 јануари, со можност тоа да се случи и порано доколку британските пратеници го усвојат договорот на Џонсон. Тој најави донесување закон со кој за распишување нови избори ќе му треба просто мнозинство, место двотретинско, како сега.

    „Парламентот е нефункционален и ја држи земјата во заложништво“, кажа Џонсон, додавајќи дека не сакал ново одложување на брегзит.

    Велика Британија требаше да излезе од ЕУ в четврток, но Џонсон се согласи на ново одложување бидејќи пратениците одолговлекуваа со изгласувањето на неговиот договор. Тој и натаму инсистира на нови избори, велејќи дека „кога-тогаш мора да се излезе од овој ќорсокак“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира