ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА ЗОНА Е ПОДОБРА ОД СТАТУС КВО ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ КНАУС ОД ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СТАБИЛНОСТ

    ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА ЗОНА Е ПОДОБРА ОД СТАТУС КВО ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ КНАУС ОД ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СТАБИЛНОСТ„Крајната цел на предлогот е секоја балканска земја која ги пресретнува условите да биде поврзана блиску до ЕУ како Норвешка, во таканаречената Европска економска зона“, вели Гералд Кнаус. (архивска фотографија)

    Претседателот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус вели дека нивниот предлог за формирање на Европска економска зона меѓу земјите од Западниот Балкан како решение за премостување на француската блокада за проширувањето на ЕУ не е идеално сценарио, но е многу добар пат напред за земјите и многу подобро од статус кво ситуацијата, во интервју за „Нова ТВ“.

    „Овој труд го објавивме минатиот петок. Но, имаше силен и охрабрувачки одговор. За неколку часа добив пораки на меил и СМС од министрите за надворешни работи, парламентарци и претставници на ЕУ кои изразија интерес. Но, немам илузии. Ова ќе биде историска понуда што ќе го трансформира Балканот. Но, ќе бидат потребни многу дискусии. Како визната либерализација. И, тоа може да успее само ако лидерите во регионот го поддржат исто така. Не како идеално сценарио, туку како многу добар пат напред за нивните земји, многу подобро од статус кво ситуацијата“, вели Кнаус, одговарајќи на прашањето дали има друга земја-членка на ЕУ која ја поддржувa ваквата идеја.

    На прашањето зошто нивната иницијатива не се придружи на огромното мнозинство на државите членки и земјите од Западниот Балкан за да изнајдете решение со цел да го промените мислењето на францускиот претседател Емануел Макрон, тој одговори со прашање.

    „Едноставно прашувам: Дали мислите дека е веројатно дека другите земји-членки ќе можат да го променат мислењето на францускиот претседател? Може да се случи. Се надевам дека ќе се случи Но, тоа никогаш не се случи со Грција. Значи, потребна ви е стратегија која исто така може да функционира без да се случи тоа. И тоа ги прави идните вета во процесот помалку веројатни. Вака секогаш се случувало во процесот на европската интеграција. Не е ново“, вели Кнаус.

    За предлогот за Европска економска зона, тој како пример ја посочи соработката на ЕУ со Норвешка, која не е членка.

    „Крајната цел е секоја балканска земја која ги пресретнува условите да биде поврзана блиску до ЕУ како Норвешка, во таканаречената Европска економска зона. Самото зачленување во Европската економска зона е добра работа. Норвешка која е богата земја сѐ уште ѝ плаќа многу на ЕУ за тоа да биде дел од Европската економска зона, бидејќи нуди предности за нејзините граѓани и економија. Се разбира, Западниот Балкан не е богат и му треба помош за да ја стигне, па затоа ЕУ треба да ги зголеми грантовите и помошта, и да му дозволи да се приклучи на единствениот пазар. Зошто? Бидејќи стабилен, демократски, просперитетен Балкан е во интерес на ЕУ“, објаснува Кнаус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира