НЕПОЗНАТИ ДОКУМЕНТИ И ФОТОГРАФИИ ЗА 90-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА АЕРОКЛУБОТ КУМАНОВО СОБРАНИ ВО КНИГА

    НЕПОЗНАТИ ДОКУМЕНТИ И ФОТОГРАФИИ ЗА 90-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА АЕРОКЛУБОТ КУМАНОВО СОБРАНИ ВО КНИГАВо книгата на пилотот и публицист Ѓорги Чачкиров се содржани низа фактографски податоци за аероклубот Куманово од основањето во 1928 до денес. (Фото: Архивска фотографија)

    Пилотот и публицист од Скопје Ѓорги Чачкиров преку книгата „90 години Аероклуб Куманово” открива непознати документи и фотографии за деветдецениската историја на овој клуб. Ова дело претставува пионерски зафат, бидејќи е прво кое ги истражува и потврдува традицијата и фактите за егзистирањето на воздухопловната традиција на територијата на државава и градот Куманово.

    Чачкиров со сегашниот сопственик на аероклубот Куманово, Никола Петковски.

    Во книгата се поместени низа фактографски податоци од основањето на аероклубот во 1928 година до денес, проследено со вредни историски фотографии.

    „Со лична помош на Никола Петковски, аероклубот Куманово и Бониер од Куманово, кои се негова сопственост, имаме особено задоволство да го промовираме ова ново дело. Тоа е историско сеќавање за создавањето на аероклупската хронологија, посветено на сите оние кои минувале низ кумановското аероклупско небо”, ни изјави Чачкиров.

    Авторот Ѓорги Чачкиров е роден во Скопје, по професија е сообраќаен инженер-професионален пилот, кој од своите најрани години е дел од македонското цивилно воздухопловство, од моделарство, преку едриличарство и моторно летање, до наставник за обука на пилоти и раководител на повеќе воздухопловни субјекти во Македонија.

    Првата своја книга, која беше и прва воздухопловна литература на македонски јазик, ја има напишано во 1981 под наслов „Воздухопловно моделарство“. Потоа следеа и други, кои го збогатуваа фондот на македонската воздухопловна литература.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира