„Алкалоид АД Скопје“ продолжува со вложувањата со кои си обезбедува поголемо учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел, компанијата изврши дополнително вложување во „Алкалоид ДОО Белград“, друштво кое е 100% сопственост на „Алкалоид АД Скопје“, зголемувајќи го основачкиот влог.
Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра, наменета за проширување на производствените капацитети на „Алкалоид“ во Србија.
Со оваа инвестиција, „Алкалоид АД Скопје“ го зајакнува своето присуство на странските пазари, со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.