ОХРИД НАД ЕДНА ДЕЦЕНИЈА Е НАЈЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА, ОД 2020 СМЕТКАТА ЌЕ СЕ ОДБЛОКИРА

    ОХРИД НАД ЕДНА ДЕЦЕНИЈА Е НАЈЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА, ОД 2020 СМЕТКАТА ЌЕ СЕ ОДБЛОКИРАСпоред најновите податоци, долгот на Охрид изнесува 380 милиони денари (Фото: СДК.МК)

    Охрид повеќе од една деценија спаѓа меѓу најзадолжените општини во земјаава, со долг кој константно беше околу 10 милиони евра. Го создадоа неколку градоначалници од разни политички партии.

    Градот долго имаше блокирана сметка, а пред петнаесетина години прогласи и банкрот. Според најновите податоци, долгот на Охрид изнесува 380 милиони денари.

    „Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана сметка и долг од милијарда и 600 милиони денари, но со владина помош очекуваме Општината наскоро да стане солвентна. Со делбениот биланс на претпријатието ‘Проаква‘, јавното претпријатие ‘Колекторски систем‘ го презеде долгот и очекуваме Општината, конечно, да биде одблокирана напролет 2020”, вели градоначалникот Константин Георгиески.

    Според официјалните податоци од Министерството за финансии од пред две години, најзадолжената општина во Македонија бил токму Охрид. Заклучно со мај 2017, тој имал долг од 11 милиони евра.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира