Владејачката Социјалистичка партија ќе има најмногу места во новиот состав на шпанскиот парламент по четвртите избори за исто толку години, но нема да има мнозинство. По 85% преброени гласови, конзервативната Народна партија се наоѓа на второто место, додека крајнодесничарската партија Вокс освои значително поголем број гласови во однос на последните избори.
Севкупно, десничарските партии освоија најмногу гласови, но исто така нема да имаат мнозинство.
Шпанија нема стабилна влада од 2015 година, откако тамошната политичка сцена стана многу расцепкана со подемот на нови партии.
Нецелосните резултати покажуваат дека Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчес ќе има 121 пратеник од можни 350, па следува Народната партија со 86.
Поради новите парламентарни избори, Шпанија остана меѓу последните земји кои сѐ уште не го ратификувале Пристапниот протокол на Македонија во НАТО.