ЗА ВЕТИНГ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Е ПОТРЕБНО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, ЌЕ ОСТАНЕ ЗА ПО ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ ДЕСКОСКА

    ЗА ВЕТИНГ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Е ПОТРЕБНО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, ЌЕ ОСТАНЕ ЗА ПО ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ ДЕСКОСКАМинистерката за правда Рената Дескоска вели дека се уште се разгледуваат и варијанти за моделот за ветинг во правосудството. (Фото: СДК.МК)

    Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ветингот во правосудството ќе остане за по изборите на 12 април, бидејќи за да почне процесот е потребно двотретинско мнозинство, а и дебатата за ова прашање не може да се заврши до изборите.

    „Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 посто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите“, изјави денеска Дескоска на почетокот на дијалогот за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“.

    За моделот за ветинг, таа рече дека се можни повеќе варијанти.

    „Една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спроведува процесот. Тоа треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство“, вели Дескоска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира