ЗА 30 ГОДИНИ ВО ОВАА ДРЖАВА НИЕДЕН ПОЛИТИЧАР И МОЌНИК НЕ ОДГОВАРАЛ, САМО СИРОМАШТИЈАТА ЗАВРШУВА ЗАД РЕШЕТКИ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

    ЗА 30 ГОДИНИ ВО ОВАА ДРЖАВА НИЕДЕН ПОЛИТИЧАР И МОЌНИК НЕ ОДГОВАРАЛ, САМО СИРОМАШТИЈАТА ЗАВРШУВА ЗАД РЕШЕТКИ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИВо новогодишното обраќање во Собранието, претседателот Пендаровски забележа што 30 години сме држава, а ниту еден обвинет политичар, моќник, преку ноќ збогатен бизнисмен, не е во затвор. (Фото: Ѓ. Личовски)

    За претседателот Стево Пендаровски, учесник во широкото граѓанско движење на отпорот правдата против режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое настапуваше под мотото: „Нема правда, нема мир“, правдата не е пристигната ни по три и пол години од движењето. Во продолжение на новогодишното обраќање во Собранието, прво откако е на функцијата, рече:

    „Во редица судски процеси не видовме завршница. Некои од најголемите правни случаи застареа на очиглед на сите нас, а креаторот на режимот избега и од правдата, и од државата. При тоа, ниедна институција не кажа јавно како такво нешто воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше т.н. афера Рекет, во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела се најде и првата личност на институцијата која беше имено формирана со единствена цел, да ги гони криминалците“.

    Пендаровски забележа што 30 години сме држава, а ниту еден обвинет политичар, моќник, преку ноќ збогатен бизнисмен, не е во затвор. Рече дека само сиромашните завршуваат зад решетки, дури и за багателни дела. Од тука, на следната власт и порача веднаш по изборите да направи прочистување кај политичарите, на чело со него, кај судиите и кај обвинителите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира