ЖОЛТА КУЌА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:68:"Нашитепарламентарцинитопнегибие

    1. Можеби е обична коинциденција, ама некако повеќе изгледа дека нашите пратеници извлекоа поука од настаните во Москва. Одеднаш решија да проработат како вистински парламент. Немаше никакво фајде што два месеца ги обвинуваме дека се однесуваат како апсолутистички монарх, кој абдицира само ако тој сака, дека се диктатори кои си седат на власт, иако народот не ги сака, дека многу успешно ја користат уставната празнина, бидејќи никој не може да го распушти парла­ментот… Во една прилика дури имавме напишано дека ни “топ не ги бие”.
    Арно ама, сите бевме сведоци дека во Русија парламентот може да го бие и топ. Којзнае, можеби токму тоа им беше познато на нашите пратеници, па затоа никогаш ги немаше во Собранието. Во тоа и е разликата меѓу руската Бела куќа и македонската Жолта куќа. Таму пратениците се забарикадираа заедно на едно место, па беше лесно да се погодат со еден топовски удар. Кај нас, намес­то во сала, беа расфрлани по блиските кафеани, тезгите на Зеленото пазар­че, па за евентуално растурање ќе требаше да се потроши малку повеќе муниција.
    Неделава што измина оставија впечаток дека нешто работат. Успеаја некако и да се спасат од предвремени избори. Ама, што ќе правиме кога вгодина, во ноември, ќе дојде време за нови избори? Искрено се сомневам дека и тоагаш по сопствена волја ќе ги напуштат пратеничките клупи. Затоа со време, веднаш по годишните одмори, Владата нека одобри интервентен увоз на дефицитарни личности. На пример, нека го увезе Елцин. Само, каде ќе најдеме топ?

    2. Сега, Фрчковски ќе треба да се ангажира, да направи некако полицајките на скопскиот аеродром да замижат при контролата, па кога ќе го увезуваме Елцин, во пакетот да си донесе барем едно топче што ќе го инсталираме во Паркот на жената-борец, веднаш преку пат на главниот влез на Жолтата куќа. Тоа, колку да не го оптоваруваме кревкото македонско стопанство дополнително да се ангажира во изработка на црешови топчиња.
    Кога сме веќе кај Фрчковски, ај што си остана на функција, ама нема смисла тоа што му го прави на пратеникот Михаил Пановски. Навистина требаше да падне, што цела година не сака да му одговори на поставеното пратеничко прашање. Од друга страна пак, добро е што Фрчковски остана да биде министер. Ќе му даде поттик за работа на Советот за меѓунационални односи.
    Пратеникот Борис Змејковски, во своето образложение зошто министерот за внатрешни работи мора да падне, рече дека тој “малку тепа Срби, па малку Македонци, па малку Албанци…” Што правиме сега со Власите, Турците, Ромите, Египќаните, Македонците-муслимани, што останаа неистепани? А министерот, во Уставот што самиот го пишуваше, гарантира еднаквост за сите. Ете добра тема, оваа флагрантна дискриминација на уставно загарантираните права да биде прва точка на дневниот ред на седницата на Советот за меѓунационални односи.

    3. Циле се врати спектакуларно. Со нова книга од историјата на античка Македонија и гала промоција, безмалку како митинг. Главна ѕвезда на вечерта во Македонскиот народен театар не беше авторот Васил Тупурковски, туку претсе­да­телот на Републиката Киро Глигоров.
    Пораката е јасна: “Кој го тргна Циле? Јас!? Никогаш!” Од другата страна: “Кој му се лути на Глигоров? Јас!? Неееее!” Целиот штос беше во тоа што претсе­дателот не им соопшти на своите верни и протоколарни придружници каде ќе оди во вторникот навечер, па затоа малкумина од “редовните” – и од поли­тичките и од новинарските кругови, се појавија на промоцијата. Другите ги излажа интуицијата. Или информативниот синџир се прекинал.
    Прво мислев да напишам дека претседателот и Циле се смириле. Арно ама и двајцата се добри играчи, па оставија впечаток дека никогаш и не биле скарани.

    4. Постои ли воопшто во светот таков народ, којшто може да се собере во толкав број, речиси 30 до 40 од сто од избирачкото тело, на спореден предизборен митинг на политичка партија. Очигледно на Грците им недостасуваат рок-ен-рол концерти. Па паѓаат во делириум од ветувањата на Мицотакис и Папандреу.
    А нивниот министер Папаконстантину на говорницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк најави дека грчката влада се подготвува да биде домаќин на меѓународен самит на Обединетите нации во јануари 2000 година, на којшто ќе се усвоел глобален дневен ред за 21 век. Значи, Грција ќе го внесе светот во 21 век. Ако продолжи со вакви популистички методи, тешко му на светот во новиот век.

    5. Претседателот Глигоров за време на својот престој во Њујорк доби вету­вања од претставниците на Германија, Холандија и Велика Британија дека тие ќе помог­нат да ѝ се даде финансиска поддршка на Македонија преку Европ­ската заедница.
    Од 1 јануари 1994 година претседателот на Европската заедница е Грција. Значи, ќе си имаме за земање.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира