ПУ Ји

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:101:"КакобисеоправдалпредГрцитепоследниоткинескицар?

    1. Знаев дека Кина ќе нé признае. Уште лани, кога нé преплавија со кинески велосипеди и свилени кошули, можеше да се претпостави дека признавањето е само прашање на денот. Само, излегоа итри Кинезите. Нé натераа со призна­вањето да потпишеме и договор за ненапаѓање. Така по повеќевековно страву­вање од големомакедонскиот експанзионизам конечно можат да здивнат. Сигурно веќе ја олабавија готовноста на војската на нивните граници.
    Тој договор за ненапаѓање има неколку добри страни. И за нас, ама и за регионот. На пример, со македонско-кинескиот договор е зајакната безбедноста на Грција. Замислете, да решеа Кинезите да нé гаѓаат. Бидејќи сме ситна мета, лесно можеше да се случи наместо нас да ги погодат Грците. Што се стотина километри промашување лево-десно, кога се гаѓа од толкава далечина?
    Другата добра работа е што за нас останува поголем простор за живеење. Замислете да ни дојдеа Кинезите како агресори. Каде ќе ги закопавме загинатите кинески војници? Можете ли да претпоставите како би изгледале кинеските гробишта во Македонија?
    Конечно, тој договор е од особено значење и за готовноста на кинеската арми­ја. Ние можевме нив да ги гаѓаме само со народни поговорки што имаат деморали­зи­рачко дејство. Од кои најубиствено дејствува онаа: “Наведната глава сабја не ја сече”.
    Како и да е, Република Македонија со договорот за ненапаѓање само ја де­мон­с­трира својата мирољубивна политика и кооперативност. Бидејќи составен дел на таа политика е заложбата за еквидистанца кон сите големи сили, наскоро ќе следи потпишување на договори за ненапаѓање со САД и Русија. Време е конечно и тамошните граѓани да се чувствуваат безбедно.
    Што се однесува до Јапонија, бидејќи таа не ни е некој сериозен воен партнер, а имаме нерасчистени односи во сферата на трговијата, наскоро ќе се сретнат експерти на двете држави  да ги утврдат извозните квоти, за да дојде до рамномерна поделба на пазарот на Азија.

    2. Се сеќавате ли на онаа хрватската “Данке Дојчланд”, испеана во знак на благодарност кон Германија за сé што сторила за признавањето на Хрватска. Нашата телевизија не подготви таква песничка, па дури ни на “Макфест” не покани ни еден кинески пејач, ама сепак го обели образот пред нашите кинески пријатели. Дента кога беше објавена веста за признавањето, на централниот ТВ дневник одеше еден афирмативен прилог за кинескиот модел на соци­јализмот. Малку подоцна, истата вечер, на третиот канал Македонската телеви­зија емитуваше документарец за Кина со наслов “Забранетиот град”.
    И, таман се наместив пред телевизорот и свртив на втора програма, во надеж дека ќе биде емитуван филмот “Последниот кинески цар” – разочарување! Мора во втората програма да има некој што сé уште е воинствено настроен. А баш беше добро да ни го прикажеа филмот. Ќе можеше после да се организира некој “Отворен екран”, или “Глобус”, на кој ќе се отвореше расправа за тоа што ли би изјавил последниот кинески цар Пу Ји по повод признавањето на Македонија и како би се правдал пред Грците затоа што нé признал под уставното име.

    3. Не ми беше апсолутно јасно што сакаше да каже францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе, кога изјави дека Франција ќе се ангажира во изградбата на патиштата во Босна и Херцеговина. Како да го сфатам тоа? Како краен оптимизам? Или – краен цинизам?

    4. Колешката што го следи театарот во својот осврт за годинашниот Млад отворен театар забележа дека она што беше понудено во меѓународниот дел од фестивалот, во случај кога МОТ би бил таков каков што го знаеме од пред неколку години, би можело да биде дел од слободната програма, нешто како пополноќни претстави или во паузите меѓу нормалните претстави.
    Немам намера да се амбицирам во театарската критика, ама сепак ќе си дозволам еден коментар, со пренесување на дијалог меѓу тројца млади кои се нашле на една претстава од Англија (името на претставата и на авторите не е важно):
    – Се кладам дека овие во животот не настапувале на поголема театарска сцена.
    – Сигурно! И не верувам дека настапувале пред толку публика.
    – А бе, немојте така. Знаеш ли колку луѓе поминуваат дневно низ лондон­ското метро?

    5. Пратениците во Собранието на Македонија конечно се собраа. Значи, го направија ајварот. Следната блокада може да се очекува кога ќе почне да се реди зелката во каци.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира