Детското игралиште во дворот на основното училиште „Златан Сремец“ во Кисела Вода, кое утре требаше да биде отворено, утрово е искршено. Скршена е оградата на дел од реквизитите и дрвени парчиња се расфрлени низ игралиштето.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски вели дека во текот на денешниот ден реквизитите ќе се санираат и апелира до граѓаните да ги чуваат јавните површини.
„За жал ова не е прв пат да се уништи јавно добро во Кисела Бода. Навистина не ми е јасно како може некој вака вандалски да се однесува, особено што станува збор за катче за најмладите. Освен децата од училиштето ова игралиште е наменето за жителите на околните згради. Денеска ќе го поправиме, а утре свечено ќе го отвориме“, вели Темелковски.
А. АНТЕВСКА