Партиското раководство на владејачкиот СДСМ вечерва одлучи меѓу кандидатите Оливер Спасовски и Мила Царовска, довербата за технички премиер во 100-дневната влада пред избори, да му ја довери на првиот предлог.
Во техничката влада нов вицепремиер за економски прашања ќе биде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, откако Кочо Анѓушев си поднесе оставка на функцијата.
Шефовите на кабинетите во МВР и во Труд и социјала ќе бидат дополнителни заменици министри секој во својот ресор кај што работи.
ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи технички министри за внатрешни работи и за труд и социјала.
С. К. ДЕЛЕВСКА