ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПРЕДЛОЖИ РАШЕЛА МИЗРАХИ ЗА МИНИСТЕРКА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА

    ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПРЕДЛОЖИ РАШЕЛА МИЗРАХИ ЗА МИНИСТЕРКА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛАТехничката влада треба да биде избрана на 3 јануари, 100 дена пред изборите на 12 април. - Рашела Мизрахи; Цветан Трипуновски (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи Рашела Мизрахи за министер за труд и социјала во техничката влада, соопшти партијата. За заменик министер за земјоделие ќе го предложи Цветан Трипуновски, додека Гордана Димитриеска Кочоска ќе биде предложена за заменик министер за финансии. За заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде предложена актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски.

    Според биографииите на кандидатите, објавени од партијата, Мизрахи има докторирано на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија. Работно искуство стекнала на институтот за истражување во кардиологија – Нјуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и повеќе други обуки. Работела како консултант на Глобален Фонд во рамки на програмата за Туберкулоза во Република Македонија, на мониторинг на лабораторија во Израел, како и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

    Трипуновски има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015 до 2017 година ја извршуваше и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006 до 2008 година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија. Од 2008 до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

    За кандидат за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ останува на предлогот Драган Ковачки, кој за СДСМ е неприфатлив, бидејќи според Уставот, воено лице не смее да биде министер за внатрешни или за одбрана. Ковачки е полковник во АРМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира