ОВАА САБОТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:116:"НапотегсеминистеркитеСофијаТодороваиГорданаСилјановска

    1. Класичен пример за одвоеност и независност на судската од законската и извршната власт е Уставниот суд на Македонија. Осум месеци му требаа да расправи дали РТВ претплатата е уставна, а чекаше да донесе одлука –  дури откако виде како по тоа прашање ќе се изјасни Собранието. И нормално – РТВ претплатата останува.
    Арно ама, најден е нов начин за собирање пари од граѓаните. РТВ претпла­тата отсега ќе се вика арач, што е турски, ама одомаќен збор за она што Устав­ниот суд го нарекува “јавна давачка”. Не сме толку наивни, па да направиме глу­пост како оние во Србија, претплатата за телевизија да ја пресметуваме на сметките за електрична енергија, па се досетивме на оргинално решение. МРТВ да продолжи да ги собира парите, ама да не располага со нив, туку да ѝ ги дава на државата, затоа што Собранието ќе ја одредува висината на претплатата. Значи, кога утре ќе ви дојде инкасаторот на МРТВ на врата – тој ќе биде претставник на државата. Арачлија.
    Е сега, бидејќи државата ќе биде сериозно загрижена како да ги собере и овие пари, нејзин проблем ќе биде и популаризацијата на целата акција. Тоа значи дека и емисијата “Оваа сабота …” веќе нема да биде грижа на колегиумот на МРТВ, туку на државните органи. Бидејќи јунаците од Парламентот ни се општо­прифа­тени меѓу народот, првиот предуслов за забавниот карактер на новото издание на “Оваа сабота…” во продукција на државата е исполнет. Останува само да се раз­­мисли за концепцијата на емисијата.
    За да биде поевтино, екипата не мора да шета од град во град, туку може секоја прва сабота да ја реализира емисијата во големата сала на Собранието на Македонија. Сто и дваесет пратеници, плус членови на Владата и триесетина акредитирани новинари се сосема добра публика за аплаудирање. Водителска двојка ќе бидат Стојан Андов и Бранко Црвенковски, а како што е обичај со сите манифестации во државата, емисијата ќе биде под покровителство на претседателот на Републиката. Зад столчето на Киро Поповски ќе бидат поставени барабаните со бројките. Крај барабаните можат да застанат претставничките на женскиот дел од Владата, министрите Софија Тодорова и Гордана Силјановска. За време на музичките настапи на естрадните уметници двете треба да потцуп­нуваат во ритамот на музиката. Се разбира, пригодно облечени во гардероба на некој од спонзорите на СДСМ и Либералната партија. На најавата од водителите тие ќе ги завртат барабаните и само од нивниот потег на раката ќе зависи иднината на некој редовен државен претплатник. А пратениците со акламација ќе ги поздра­ву­ваат сите комбинации на броевите што ќе излезат на барабаните.
    На крај ќе се појави Силви Бенд со онаа “…сабота пред недела, леле журка дебела…”  И – ја венчавме невестата!

    2. Претседателот Глигоров испрати писмо до пратениците по повод пред­логот за интерпелација на претседателот на Собранието Стојан Андов, во кое, толку­вајќи го Уставот, вели дека не постои причина да се бара одговорност од Андов, затоа што тој го овластил да му биде заменик во негово отсуство.
    Пред неколку недели, кога изби кризата во редовите на владината коалиција, што кулминираше со барања за интерпелации на министрите на СДСМ Фрчковски и Пешев, либералите на Андов ја спасија Владата и го поштедија Глигоров од несакани компликации во државата.
    Се сеќавате ли на оние партизански стрипчиња: “Внимавај, Мирко, куршум!” – “Уф, ти благодарам Славко, ми го спаси животот!”

    3. Јасно е дека за повеќе од две години независност не успеавме да ги донесеме повеќето закони од речиси сите области на животот, ама не влегува во глава кога некој министер, “мртов ладен”, наместо да гледа да го скрие срамот, упорно си се повикува на некакви закони на бившата СФРЈ. Поводот е речиси безначаен, гледан од државен аспект. Се работи за спорот на министерот Ѓунер Исмаил со Драмскиот театар од Скопје, во кој тој се повикува на Законот за авторски права на СФРЈ?
    Една недела порано и министерот Пешев, во целата збрка што ја направи со (не)изборот на национален превозник, се повикуваше на некои закони на СФРЈ!?
    Целото судство се потпира врз закони од СФРЈ!?
    Чисто се сомневам дека и новоформираната СРЈ ги почитува законите на СФРЈ. Па добро тогаш, зошто “привремено” не ги преземеме законите од СРЈ? Барем ќе го решиме проблемот со национален авиопревозник. Ќе го избереме ЈАТ.

    4. Која ли му беше визијата на оној пратеник од СДСМ што го постави прате­ничкото прашање за финансирање на партијата на Гошев? Белким не мислеше дека другите пијат мастило и дека институцијата “пратеничко прашање” е резервирана само за неговата партија. Само ги поттикна другите да почнат да копаат по Владата. Кога ќе почнат едни на други да си ги вадат валканите алишта, “ОХИС” ќе мора да го дуплира производството на детергент.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира