ШПАНИЈА ЈА ДОБИ ПРВАТА КОАЛИЦИСКА ВЛАДА ПО ЕРАТА НА ФРАНКО

    ШПАНИЈА ЈА ДОБИ ПРВАТА КОАЛИЦИСКА ВЛАДА ПО ЕРАТА НА ФРАНКОКаталонските и баскиските пратеници му помогнаа на Пердо Санчес да формира влада (Фото: Ројтерс)

    Лидерот на Социјалистичката партија Педро Санчес тесно се избори за доверба во шпанскиот парламент, што му овозможува да формира коалициска влада со крајнолевичарската партија Подемос.

    Во драматичното јавно гласање, тој победи со просто мнозинство од само два гласа, во што клучна улога имаа каталонските и баскиските пратеници. Ова ќе му овозможи на Санчес да формира малцинска влада, прва коалициска откако во земјата беше возобновена демократијата во 1978 година, односно по смртта на диктаторот Франко.

    Формирањето на новата влада одеше тешко бидејќи на последните избори, социјалистите освоија 120 места во парламентот, а Подемос 35, недоволно за да имаат мнозинство.

    „Ваква коалиција беше единствена опција за Шпанија по пет избори во изминатите години. Или прогресивна коалиција или нов ќорсокак“, изјави Санчес.

    Поради вонредните парламентарни избори во декември, Шпанија остана последна земја која не го ратификувала Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира