ГЕРМАНИЈА СЛАВИ 250 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА БЕТОВЕН, НЕСПОКОЈНИОТ КОМПОЗИТОР НА НАЈПОЗНАТИТЕ МЕЛОДИИ

    ГЕРМАНИЈА СЛАВИ 250 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА БЕТОВЕН, НЕСПОКОЈНИОТ КОМПОЗИТОР НА НАЈПОЗНАТИТЕ МЕЛОДИИКампањата е базирана во Бон, западниот германски град каде е роден композиторот и каде ќе се одржат стотина концерти и други настани. (Фото: ДПА)

    Музиката на Бетовен може секаде се слушне, од мелодии на мобилни телефони, до заднина на некој историски документарец. Речиси секој може да свирка во ритамот на почетокот на Петтата симофонија или пак „За Елиза“. Деветтата симфонија се свири на разни државни свечености не само во Германија, а пак „Ода за радоста“ е официјална химна на Европската Унија.

    Германија и Австрија годинава со разни настани ќе ја слават 250-годишнината од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен (1770-1827). Кампањата насловена БТХВН 2020, е базирана во Бон, западниот германски град каде е роден композиторот и каде ќе се одржат стотина концерти и други настани.

    На 14 години Бетовен почнал да свири оргули во капелата во Бон, а на 22 години се преселил во Виена со желба да студира кај Моцарт, но тоа никогаш не се случило. Неговата тврдоглавост станала премногу очигледна уште додека бил на училиште, веројатно затоа што морал да се крижи за двајцата браќа, откако починала нивната мајка од туберколоза, а татко им станал алкохоличар. На 27 години почнал да го губи слухот, и историчарите забележуваат дека до крајот на својот живот не ги слушнал своите ремек-дела.

    Бетовен е роден на 16 декември 1770 во Бон, па затоа одбележувањето почна на 16 декември 2019 и ќе трае до 17 декември 2020.

    Во наследството на Бетовен се вбројуваат 9 симфонии, 5 концерти за пијано, 1 концерт за виолина, 32 сонати за пијано, 16 гудачки квартети, единствената опера „Фиделио“, како и сонатите за виолина и виолончело.

    Симфонијата „Ероика“ ја посветил на Наполеон, но воодушевувањето кон францускиот владетел не траело долго. Навреден од одлуката на Наполен да се самопрогласи за император во 1804, Бетовен ги расфрлил листовите од операта низ собата и ја избршал посветата на Бонапарта. Денеска има дупка на насловната страна од оригиналниот примерок.

    За генијот Бетовен се врзани голем број легенди, како на пример таа за последните моменти од неговиот живот. Во собата влегол слуга со две шишиња од неговото омилено вино од 1806. Не можејќи да се напие, Бетовен ги изговорил неговите последни зборови: „Каква штета – премногу доцна!“.

    Кога починал на 56 години во 1827 во Виена, околу 20 илјади граѓани оделе зад ковчегот до неговото почивалиште во Виена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира