Кинеската олимпијка Хе Зи за малку не освои златен медал во дисциплината скокови во вода на Игрите во Рио, но доби дијамантски прстен откако нејзиното момче, исто така, кинески олимпиец и предложи брак. Зи изгледаше шокирано, кога партнерот Кин Каи ја прекина церемонијата на доделување медали, на кој таа го прими сребрениот медал, за да клекне и да и го покаже вереничкиот прстен.
30-годишниот Каи, кој претходно освои бронза во скокови во вода, доби потврден одговор на предлогот за брак. Покрај прстенот, тој и даде на Зи црвена роза во стаклена кутија, а публиката беше воодушевена и аплаудираше.
„Тој ми кажа многу нешта. Ми вети многу работи, но најважната работа е што ова е човекот кому можам да му верувам до крајот на животот“, кажа 25-годишната Зи за АП.
Двојката потоа беше уловена од камерите во прегратка.