Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на кејот на Вардар во Општина Карпош. Скршен е ормарот во кој се сместени уредите, при што е украдена внатрешната опрема и батериите за работа.
Соларното дрво за полнење на електрични тротинети и други уреди, Општината го постави во септември. Од Општината велат дека штетата изнесува околу 120.000 денари.
„Во изминатиот период сведоци сме на свесно уништување на новопоставената урбана опрема во општина Карпош, крадење на украсни растенија и новозасадени дрвја. Деструктивните активности имаат за цел да креираат слика на нефункционалност на локалната самоуправа, но штетата што се прави е колективна. Ги повикуваме надлежните институции да преземат мерки за санкционирање на овие вандалски чинови“, велат од Општина Карпош.