ПРИТВОР ЗА МАЈКА И ДВА СИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА УБИСТВО НА ТАТКОТО ВО ВЕЛЕШКО

    ПРИТВОР ЗА МАЈКА И ДВА СИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА УБИСТВО НА ТАТКОТО ВО ВЕЛЕШКОВелешкото село Долно Караслари каде што минатата недела се случило убиството. (Фото: СДК.МК)

    Во неделата на Водици во велешко Долно Караслари, како што соопштија од СВР Велес се случило убиство, за кое како сторители на сопругот и татко, се сомничат мајката и двата сина.

    „На 19 јануари М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство. Јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на З.Т., по што, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 24 јануари во Полициската станица во Велес приведени се И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од село Долно Караслари – велешко поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство врз нивниот татко и сопруг З.Т. (58) “, вели Верољуб Додески портпарол на СВР Велес.

    По обезбедените докази, полицијата ги предала трите лица на Основно јавно обвинителство Велес, по што биле изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд Велес, каде судијата им одредил мерка притвор.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира