Некои работи се гарантирани во животот: олимписки медал не е една од тие работи, но сигурно е дека има данок за него, барем за спортистите од САД во Рио годинава.
Без разлика каде ќе ги заработат парите, или златото, тие ќе платат данок. Американските спортисти кои се натпреваруваат на Олимпијадата во Рио ќе треба да платат данок според вредноста на медалот што ќе го освојат, како и дел од бонусот во кеш што ќе добијат за нивните достигнувања. Оваа давачка, наречена „победнички данок“ досега не била укината, наспроти сите напори.
Сенаторот Чак Шумер од Њујорк има пробано, неуспешно, да се изгласа предлог-закон за укинување на оваа давачка.
„Нашите олимпијци и параолимпијци треба да се фокусираат на кршење светски рекорди, а не на кршење на касичките со пари, кога станува збор за освојување медали“, рече тој претходно годинава.
Повеќето земји даваат парични стимулации за нивните спортисти, а најмалку што може да направат САД е да не ги казнуваат своите со данок за победата.
„По успешно и напорно извојувана победа, едноставно не е правилно да ги дочекаме дома американските спортисти со данок на таа победа“.
Шумер предолжи пред Сенатот да се изгласа предлог-закон олимпијците да бидат изземени од плаќање на данокот, но не доби поддршка од Претставничкиот дом.
Олимписки медал, како оние што ќе бидат доделени годинава во Рио вреди околу 564 долари, според проценките на „Форбс“, а сребрен околу 305 долари. Спортистите исто така добиваат бонус во кеш за секој освоен медал.
Американците кои ќе освојат злато добиваат 25.000 долари, за освоено сребро 15.000 долари и за бронзен медал 10.000 долари.
За овие пари ќе треба да платат данок, како и за медалите.
Иако данокот за секој освоен златен медал можеби ќе му се чини многу на некој како Мајкл Фелпс, кој се проценува дека вреди 55 милиони долари, но олимписката слава не значи секогаш и голема заработка за спортистите.
АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИЈЦИ МОРА ДА ПЛАТАТ ДАНОК ЗА ОСВОЕНИТЕ МЕДАЛИ ВО РИО
a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Рио,(Индепендент)