ЛАЖНА БИЛА ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ШТО ГО ЕВАКУИРАШЕ СИТИ МОЛ, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТА

    ЛАЖНА БИЛА ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ШТО ГО ЕВАКУИРАШЕ СИТИ МОЛ, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТАДодека траеја проверките, полицијата не дозволуваше пристап ниту во близина на Сити Мол. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Трговскиот центар Сити Мол во скопската населба Карпош беше евакуиран денеска околу пладне поради лажна анонимна дојава за бомба, а полицијата работи на откривање на лицето кое се јавило, велат од МВР.

    Полицијата ги евакуираше вработените и посетителите на трговскиот центар, а специјализирани полициски екипи го проверуваа објектот поради лажната дојава. Присутни беа и екипи на Пожарната.

    Додека траеја проверките, полицијата не дозволуваше  пристап ниту во близина на Сити Мол.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира