ШЕСТЕМИНА НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ГЛАСААТ УТРЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО, ИЗДЕЈСТВУВАА ОБВИНИТЕЛОТ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ДА ГО БИРААТ СИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

    ШЕСТЕМИНА НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ГЛАСААТ УТРЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО, ИЗДЕЈСТВУВАА ОБВИНИТЕЛОТ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ДА ГО БИРААТ СИТЕ ОБВИНИТЕЛИЕмилија Александрова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

    Објавувајќи дека ќе гласаат за Законот за јавно обвинителство кое и треба на Македонија за добивање датум за преговори со ЕУ, шестемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ објавија кои се нивните услови што ги прифатил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    „Еве што постигнавме“, напишаа вечерва тие.

    • Јавниот обвинител кој ќе раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција да биде избран со непосредно гласање на сите обвинители
    • После завршената академија, обвинителите да мора 3 години да бидат во основни обвинителства
    • Ја дефиниравме дисциплинската постапка како не би можела да биде злоупотребена
    • Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали, бомбите стануваат историја
    • Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложивме преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон
    • Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи
    • Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон
    • Го прецизиравме рокот за конечно одлучување по жалби
    • Собранието на Република Северна Македонија до отпочнување на примената на овој закон (30.06.2020) ќе го усогласи кривичното законодавство со европските стандарди при што во преодните одредби ќе ги наведе броевите на членовите од новиот закон кои кореспондираат во членовите од кривичниот законик

    „Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои заедно ќе ги поддржиме и во интерес на граѓаните да донесеме законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и дополнително заедно да и помогнеме на нашата држава во евроатланските процеси“, повикаа Независните вмровци.

    Сите обвинители кои се на раководна функција во моментов, вклучително и Вилма Русковска, остануваат на своите мандати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира